21.11.2023

МТСП: Инвестираме во секое дете! Градиме едно општество за сите!

„Преку Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршката на Светска Банка издвоивме значителни 85.928.460 денари за изградба и дополнителни 6.292.161 денари за опремување на објектот „Сонце“ во градинката „Росица“ во Волково. Оваа инвестиција е потврдување на посветеноста на Владата за обезбедување на најдобри капацитети за нашите деца“ рече Тренчевска во посетата на објектот „Сонце“ во Волково.

Заменик на Претседателот на Владата за Европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска ја посетија најголемата инвестиција на Министерството за труд и социјална политика со поддршката од Светска Банка.

„Обезбедуваме на секое дете пристап до квалитетно образование, инклузивна средина и можност за напредок. Градинката Волково е светол пример за тоа што може да се постигне кога инвестираме во благосостојбата на нашите најмлади граѓани, поставувајќи ги темелите за поправедно и порамноправно општество“ изјави Тренчевска.

Таа зборуваше и за архитектонското решение на градинката истакнувајќи дека истото е признато од престижната Асоцијација на архитекти. Министерката посочи дека тоа ја одразува посветеноста на ефикасноста, таа рече дека вклучувањето на специфични детали ја подобрува целокупната функционалност на зградата, обезбедувајќи таа да остане светилник на извонредноста на раното воспитание и образование.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }