23.11.2023
„Има помош за живот без насилство“
Во пресрет на 16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата, на ден 23.11.2023 се одржа церемонијален настан „Има помош за живот без насилство“ за доделување сертификати на обучувачите за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство во организација на Министерството за труд и социјална политика и УНФПА со поддршка на Британската амбасада во Скопје.
Првиот тим на сертифицирани обучувачи добија сет на обуки чија цел е да се унапреди родовата еднаквост како меѓу -секторско решение унапредување на системот за превенција и заштита од родово-базирано насилство. Јакнењето на капацитетите на професионалците, преку долгорочен влог во нивната обука и постојано усовршување се едни од столбовите на овој систем. Системот го подобривме со тоа што сите институции и организации ќе се раководат од истите принципи за мултисекторски одговор од сите институции и организации како начин да се обезбеди унифицирана заштита на жртвите.
Целта е сертифицираните обучувачи да ја дисеминираат обуката во своите институции и да се обезбеди континуирано градење на капацитетите за мултисекторска соработка и постапување.
Министерството за труд и социјална политика ја стави родовата еднаквост високо на својата агенда, особено кога станува збор за спречување на насилството врз жени и девојки, а со тоа и промовирање и подигање на свеста во општеството за спречување родово базирано насилство и семејно насилство и заштита на жртвите што придонесуваат за искоренување на насилството и подобрување на квалитетот на живот.