20.03.2023

Тренчевска: Иднината на секое општество зависи од неговата способност да го негува здравјето и благосостојбата на следната генерација деца

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Амбасадорот на Норвешка во Србија, Северна Македонија и Црна Гора, Јорн Јелстад и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан присуствуваа на промоцијата на Протоколот за меѓусекторска соработка за постапување со деца на улица.

Настанот беше организиран од страна на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи со поддршката на УНДП и Норвешката Амбасада во Република Северна Македонија.

„Децата на улица имаат право на заштита од сите надлежни институции кои можат адекватно да одговорат на нивните потреби, особено на злоупотрeбените деца, да ги заштитат и да им помогнат во процесот на надминување на ризикот. Затоа се промовира и поттикнува процесот на меѓусекторски пристап и соработка, наспроти изолирано постапување на секторите“, рече Тренчевска.

Таа информираше и за работната група која ја формираше Министерството за труд и социјална политика со цел изработка на протоколот за меѓусекторска соработка за постапување со деца на улица.

„За подобрување на состојбата и меѓусебната координација во постапување помеѓу институциите и нивните одговорности во однос на децата на улица се наметна потребата од креирање на Протокол за меѓусекторска соработка за постапување со деца на улица. За подготовка на овој важен документ, Министерството за труд и социјална политика формираше работна група со претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и наука, Министерството за здравство, Министерството за правда и невладини организации, со цел координирано постапување со децата, заштита, нивно вклучување во општеството, и активности за спречување на оваа појава“, истакна Тренчевска.

Министерката ја истакна и сериозноста во пристапот кон решавање на овој предизвик. Таа потенцира дека Република Северна Македонија треба да ги усогласи своите активности во социјалната заштита на децата со Европските земји со цел доближување на земјата кон европските текови.

На крајот од своето обраќање министерката потенцира дека иднината на секое општество зависи од неговата способност да го негува здравјето и благосостојбата на следната генерација деца. Таа истакна дека од таа причина е потребен сеопфатен и системски пристап од сите со единствена цел да се разбијат стереотипите, да се подигне јавната свест и да се овозможи децата да живеат во услови на благосостојба и почитување на нивниот најдобар интерес.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }