31.03.2023

Со пораки за жените во науката, ИТ секторот, состојба и предизвици се зборуваше на регионалната конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ-Гласно и храбро ги поместуваме границите“ 

Регионалната конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ-Гласно и храбро ги поместуваме границите“ денеска се одржува втор ден во Скопје. Во организација на Министерството за труд и социјална политика со поддршка на UN WOMEN, и учесници од регионот и пошироко, дадоа осврт на моменталната состојба со родовата еднаквост, и каде треба сите да работиме уште повеќе.

Министерката за дигитализација, Р. Словенија, Емилија Стојменова Дух, се осврна нејзиниот пат, во текот на студиите, и навлегувањето во науката и инженерството.

„Работев во средини кои се сметаа за машки домен. Јас бев прва жена на катедрата за информатичка технологија. Она што ми е предизвик е зголемување на бројот на млади девојки кои ќе студираат и работат во областа на науката, во областа на инженерството. Моите напори во областа која ја работа, резултираа со многу нови искуства и многу нови успеси. Морам да кажам дека успесите се пропорционални со вложениот труд. Во Словенија се одржува настан Инжинерка на годината" и драго ми е што тоа е можност жените да се претстават, затоа што не се гледа само успехот кој е постигнат, туку фокусот е ставен на нивниот потенцијал, дека тие прават нешто што има смисла за општеството. Тие се инспирација за сите млади жени инженерки. Нашата борба за еднаквост оди подалеку. Против тиранија, против понижувањето, достигнувањата, против духовното и физичкото насилство“, рече Стојменова Дух.

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу истакна: „Учеството на жените во јавниот живот на една земја, освен што е законско и уставно право, е исто така и неопходност. Со вклучување на жените во технологијата добиваме повеќе идеи и повеќе креативност. Министерството силно се залага за примена на дигиталната трансформација како можност да се вклучат поголем број жени во претприемништвото, да се создадат услуги, за жените да имаат исти можности како и мажите, да ги охрабрат да имаат еднаква комуникација со институциите".

Христина Спасевска, проректор на наставата на УКИМ, истакна: „Улогата на жената и родовиот баланс не е предизвик само кај нас туку и во регионот. Особено за надминување на овој предизвик е не само квалитетно образование туку и стекнување на вештини на студентите со посебен фокус на ИТ вештините. Не е потребен родов баланс на основно ниво туку треба и на највисоките менаџерски позиции во големите компании. ИТ технологиите се тие кои жените ги прават рамноправни со мажите.“

Дамјан Манчевски, претставник на МАСИТ, посочи: „Се согласувам со теоријата дека ако жените владеат со светот нема да има војни. Докажано е дека  помалку корупција кај што работат жени и генерално како ги решаваат проблемите имаат различен пристап и брзо и лесно доаѓаме до решенија. Жените се попаметните, ако мажите се посилен пол. ИТ технологијата многу придонесува  за независност на жената , а за да имате силни жени морате да им дадете финансиска стабилност, таа да биде независна. ИКТ е водечка и единствена, која може да им овозможи и на младите излегувајќи од факултет да започнат да работат. Условите, бенефитите се на повеќе нивоа повисоко. Хибридниот модел на работа, да работат од секаде, исто така дава доволна голема слобода.“

Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП, истакна дека дигиталната трансформација носи многу придобивки за сите.

„Една од тие е што дигитализацијата директно го руши стереотипот дека постојат женски и машки професии. Дополнително, дигитализацијата придонесува за целосно намалување на јазот во платите помеѓу мажите и жените, но и многу битно-за економска и севкупна независност на секоја личност. Затоа е важно и државата, но и секој од нас да го поддржува ИТ секторот и воведувањето на дигитализација во општеството. Бидејќи тоа значи раст на платите, неограничена слобода и флексибилност за секоја личност и претставува најбрзата алатка за постигнување на родова еднаквост. ИТ професиите и дигиталната трансформација се еден од столбовите како би можеле гласно и храбро да ги поместуваме границите и заедно да ги срушиме сите стереотипи во општеството“, рече Кордалов.

Гордана Предиќ, специјален советник на вицепремиерот, министер за култура и претседател на Координативното тело за родова еднаквост истакна дека, жените во ИТ секторот и понатаму се сведоци на бројни разлики, предрасуди, и нееднаквост во однос на мажите.

„Во моментов ИКТ се најголема извозна сила на Србија. Вложувањето во ИКТ секторот по глава на жител поминува 80 евра, а се очекува дека до 2025 година ќе стане 150 евра. Затоа многу е важно, да се поттикнуваат девојките и жените да стекнат дигитални вештини, за да учествуваат во друштво на дигитализациата на  рамноправна основа“, рече Предиќ.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }