30.03.2023

Со пораки за осуда и санкционирање на говорот на омраза, зборуваа учесниците на Регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ - Гласно и храбро ги поместуваме границите“

Преку кампањата на Министерството за труд и социјална политика „Гласна и храбра“, а со  поддршка на Канцеларијата на UM Women во земјава, цел месец март се реализираа бројни панел дискусии и работилници, денeска и утре во Скопје се оддржува регионална конференција, со присуство и учество на високи претставници на институции, амбасади, собрание, граѓански и меѓународен сектор.

„Како министерка за култура, верувам дека културата има клучна улога во оваа борба. Културата има моќ да го трансформира општеството, да ги предизвикува стереотипите и да промовира различност и инклузија. Мора да ја искористиме оваа моќ на културата и уметноста за да креираме подобро општество. Затоа, време е нашата креативност и нашата страст да ја претопиме во свет во кој говорот на омраза, вознемирувањето и родовото насилство ќе бидат минато. Да работиме за свет во кој жените се навистина еднакви и во кој што нашиот придонес во општеството се вреднува и се цени. Заедно, можеме да ги надминеме предизвиците и да создадеме подобар свет и за нас и за генерациите што доаѓаат“, порача министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Ја зголемуваме еднаквоста и рамноправноста, но сеуште има простор за работа. Во 1976 година во Италија ја имавме првата министерка, додека денес може да кажеме дека на чело на опозиционата партија во нашата држава е жена. Присуството на жените во позиција на моќ исклучително се зголеми во изминатите години, особено на директорските места. Во Италија 27% од менаџерските позиции им припаѓаат на жени“, истакна Н.Е Андреа Силвестри, амбасадор на Италија.

Пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија, Арбана Пашоли изрази благодарност што е дел од конференцијата. Таа сподели и лично искуство дека во работата како психолог со деца од средно училиште, дека девојките на оваа возраст имаат глас и се храбри, а прв момент кога се соочуваат со бариери е моментот кога треба да одлучат дали ќе продолжат со кариерата или ќе го одберат семејството.

„Често, семејството е тоа кое ги поставува бариерите на младите девојки. Првиот ѕид е додека фамилијата ви наметнува ограничен избор семејството или кариерата. Да бидам искрена мислев дека имав независност кога станав пратеничка, но независноста не била вистинска. Кога избирањето на професија се гледа низ оваа призма, не можеме да зборуваме за родова еднаквост. Тоа е неправдата која ја живееме ние жените, ја даваме целосната поддршка за мажите да успеат во својата кариера додека ние жените не го добиваме истиот третман", истакна Пашоли.

Таа им порача на девојките да се ценат и сакаат себе си и така ќе ги идентификуваат нивните потреби, кога ги поставуваат границите ќе можат да кажат „не“ за сите закани. 

„Говорот на омраза во медиумите е сведен на медиум, но тоа не значи дека исчезна туку се префрли на социјалните медиуми. Како Агенција согласно Законот за еднакви можности на мажите и жените, правиме анализи и ги испраќаме до Собранието, добро е што денес има трендови на подобрување и кај сите медиуми проработува свеста дека треба да известуваат со внимание. Сите чинители треба да го дадат својот придонес во борбата против стереотипите и во борбата за родова еднаквост. Работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, е насочена кон подигнување на свеста за родовите прашања“, истакна Зоран Трајчевски директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Нева Грашиќ, политички советник на министерот за надворешни работи европски прашања, Р.Словенија истакна дека, согласно последните претседателски и парламентарни избори Словенија има највисок процент на учество на жени од 40% во парламентот, за прв пат претседателка на република, прва жена на чело на парламентот и прва министерка за надворешни работи.

Аријана Ќатовиќ, од Фондацијата за локална демократија, Босна и Херцеговина, истакна дека, говорот на омраза треба да биде казнуван.

„Избравме да го работиме ова, но не значи дека треба да се трпат навреди и треба да се казнуваат сторителите. Кога сте изложени на осуди, зборовите дека сте се навикнале, не е воопшто така, сето тоа, остава траги и исчезнува сигурноста, не само лична туку тука е и семејството. Не е во ред дека тоа е наш избори затоа да се трпи дискриминација или говор на омраза“, порача Ќатовиќ.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }