22.03.2023

Младите во Струмица во склоп на кампањата „Гласна и храбра“ зборуваа со министерката Тренчевска за менталното здравје и економското зајакнување

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со младите од Општина Струмица. Во рамки на кампањата „Гласна и храбра“ со цел економско зајакнување и ментално здравје Тренчевска го продолжува караванот на територијата на целата држава и продолжи со средбите со различни целни групи.

Дискусијата поддржана од професорката од Филозофскиот факултет во Скопје, Софија Арнаудова овој пат беше во насока на идентификација на сопствените емоции и како нивната проекција во секојдневниот живот влијае на сегашноста и како ќе влијае на иднината на младите.

Министерката се сретна со група на млади од 18 до 26 години кои водени од вежбата врз која што беше основата на средбата зборуваа за предизвиците со кои се соочуваат и кои се нивните лични иницијативи за надминување на истите.

На средината на месец март министерката со оваа дискусија во Општина Струмица ја означи 26-та по ред средба за еден месец со различни групи на граѓани во склоп на кампањата.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }