06.03.2023

Конференција „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“: Родовите политики ги носат промените во општеството

На панел три од конференцијата на тема: „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“, зборуваа, Томе Пеев, потполковник во Армијата на Република Северна Македонија, потполковник Александра Доневска од Кабинетот на Началникот на Генералштабот на Армијата, Ирена Спирова, самостоен инспектор од Единицата за брзо распоредување и Марјан Кицев, претседател на  Македонскиот полицискиот синдикат.

„Доколку од аспект на планирањето и спроведувањето на воените операции велиме дека имплементацијата на родовата перспектива ќе ја зголеми оперативната ефикасност на операциите тогаш со сигурност можеме да кажеме дека родовата перспектива во општеството ќе го направи светот подобро место за живеење. Оваа порака нека биде императив за поттик и делување како за нас професионалците во армијата така и за сите нас во општеството,“ истакна Томе Пеев, потполковник во Армијата на Република Северна Македонија.

Потполковник Александра Доневска која е офицер за родова еднаквост од Кабинетот на Началникот на Генералштабот на Армијата, истакна, дека зададената ЦЕЛ, може да се постигне, без разлика на тоа дали имало или немало стереотипи, кога ќе се постигне целта, се докажува дека тие стереотипи не се вистински и можат да се променат. А жените што се на служба во армијата, до сега придонесувале и треба да дадат уште поголем придонес во оспорувањето на општествените стереотипи и да докажат дека жените можат да одговорат на поставените задачи исто како и своите колеги. За да бидеш жена во униформа сметам дека пред се треба да си амбициозна истрајна, храбра и пожртвувана, а после тоа и вистински професионалец во извршување на своите задачи."

„Една од причините да станам полициски службеник, а потоа и припадничка во ЕБР ми беше предизвикот и можноста да  докажам дека оваа професија не е само „машка професија“ и дека и ние жените  можеме успешно да ги извршуваме своите работни задачи „рамо до рамо“ со своите колеги,“ истакна Ирена Спирова, самостоен инспектор за планирање и операции, единица за брзо распоредување, Оддел за специјални полициски операции.

Таа посочи дека, кога при изборот на професија ја работиш работата што ја сакаш не постои нешто неостварливо и невозможно. Притоа, дополни: „Иако сеуште постојат предрасуди кај дел од граѓаните дека оваа професија е предодредена за мажите, за нас  таа е реалност и наше секојдневие. Мојата порака е дека професиите не треба да ги делиме на  машки и женски професии, главен императив и вреднување за секој поединец треба да биде базиран исклучиво на професионализмот и степенот на компетентност на личноста.“

„Во текот на мојата 30 годишна работна кариера сум извршувал работи и работни задачи рамо до рамо со колешки дури и во најсложени безбедносни ситуации. На почетокот од мојата кариера во МВР имаше многу мал број вработени колешки, но во изминатите 5-6 години благодарение на родовата политика на министерот Спасовски и неговиот тим тој број значително се зголеми. Како претседател на Македонскиот полициски синдикат исто така давам силна поддршка на 2400 наши членки вработени во МВР, АНБ,АР и УФП, во промоцијата и унапредувањето на женските права. Треттата и најважната заложба која ја негувам секојднвено, е семејна -  тоа е поддршката што ја давам на мојата сопруга која е вработена во МВР повеќе од 25 години,“ истакна Марјан Кицев, претседател на  Македонскиот полицискиот синдикат.

Министерството за труд и социјална политика ја реализира  кампањата „Гласни и храбри“ за родова еднаквост посветувајќи го месец март на менталното здравје и благосостојбата на жените  како предуслов за  родова еднаквост. Во рамките на оваа кампања е и денешната конференција.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }