29.3.2023

Хусејин: Наша обврска е да се обезбедиме еднакви можности за граѓаните

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин се обрати на настанот на кој се презентираше проектот: „ЕУ за човекови права: Вклучување на концептите за недискриминација во законодавството“.

Проектот „ЕУ за човекови права: Вклучување на концептите за недискриминација во законодавството“ кој што е финансиран од ЕУ, има за цел: зајакнување на правната рамка и зајакнување на имплементацијата на еднаквоста и недискриминаторските принципи и практики; усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ за антидискриминација; усогласување на законите согласно член 48 од Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД), како и зајакнување на капацитетите на националните власти и креаторите на политики за превенција и заштита од сите форми на дискриминација.

На почетокот од своето обраќање, Хусејин се заблагодари за обезбедената поддршка во областа на еднаквите можности и недискриминација во Северна Македонија преку ИПА помошта.

Говорејќи за правата и слободите кои се дел од правниот поредок на земјава, заменик министерот Хусејин особенo се осврна на Законот за спречување и заштита од дискриминација. 

„Генерално, Законот за спречување и заштита од дискриминација, донесен во октомври 2020 година, кој е lex generalis во оваа област, во целост е усогласен со меѓународните стандарди и во истиот, целосно се транспонирани Директивата бр. 2006/54/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 5 јули 2006 година за примена на принципот на еднакви можности и еднаков третман на мажите и жените во областa на  вработувањето и професиите (преработена), која и е делумно транспонирана во Законот за работни односи и Законот за вознемирување на работно место, Директивата бр. 2000/78/ЕЗ на Советот од 27 ноември 2000 година зa воспоставување на општа рамка за еднаков третман во вработувањето и занимањето, и Директивата бр. 2004/113/ЕЗ на Советот од 13 декември 2004 година со која се спроведува начелото на еднаков третман на мажите и жените во пристапот и обезбедувањето на стоки и услуги”, рече заменик министерот Хусејин.

Во овој контекст тој додаде:„Со Законот за спречување и заштита од дискриминација се уредува превенцијата и заштитата од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација, како и составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. При тоа, целта на овој закон е обезбедување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи. Имплементацијата на тековниот проект е поддршка за оценка на потребата од усогласување преку ситуациона анализа и подготовка на предлог законски решенија за понатамошно усогласување на неколку предлог закони согласно член 48 од Законот за спречување и заштита од дискриминација”.

Покрај за Законот за спречување и заштита од дискриминација, заменик министерот Хусејин говореше и за Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026, со која се дефинирани целите, активностите, мерките, индикаторите и одговорните институции за нејзино спроведување на централно и локално ниво, за унапредување на состојбата на еднаквоста и недискриминацијата, потенцирајќи го заедништво низ разликите и тоа во едно општество за сите.

Заменик министерот за труд и социјална политика ја истакна и потребата за зајакнување на капацитетите на релевантните институции и креаторите на политики за превенција и заштита од сите форми на дискриминација.

„Предизвиците поврзани со почитување на принципите на недискриминација се во насока за унапредување на Законот за спречување и заштита од дискриминација и поголема самостојност и функционалност на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, анализа на постоечките недостатоци и предлози за нивно надминување, спроведување на хармонизацијата на законската регулатива со Законот за спречување и заштита од дискриминација”, истакна Хусејин.   

Во оваа прилика, заменик министерот рече дека системскиот приод во хармонизацијата на легислативата и координирано усогласување на законите ќе доведат до надминување на само на разликите во терминологијата која се употребува, изедначеност на дефинициите и основите на дискриминација кои се вметнати во различни закони, туку и кон стандардизирани процедури за постапување во случаи на дискриминација во различни области во кои можат да се појават.

„Наша обврска е да се обезбедиме еднакви можности за граѓаните”, потенцираше Хусејин. 

На самиот крај од неговото обраќање беше нагласена потребата од континуирана понатамошна поддршка на развојната помош преку ИПА III во програмскиот период 2021–2027 во спроведување на активностите по однос на политиките на пазарот на труд и социјалната заштита, еднаквите можности и најранливите категории на граѓани. 

„Искрено се надевам дека ќе ги унапредиме законските решенија и ќе имаме континуиран развој во остварувањето на еднаквоста и недискриминацијата во земјава во наредниот период”, заврши заменик министерот за труд и социјална политика.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }