01.05.2023
Родовата еднаквост фокус на државната делегација која ќе биде во студиска посета во Стокохолм, Шведска
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ќе ја предводи делегацијата која ќе присуствува на студиска посета во Стокохолм, Шведска.
Делегацијата е во состав на државната секретарката на Секретаријатот за Европски прашања, Дрита Абдиу Халили, шефицата на канцеларијата на UN Woman во Република Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастaред, претставници од Министерството за труд и социјална политика, претставници од канцеларијата на UN Woman во Скопје и претставници од секретаријатот за Европски прашања во РСМ.
Целта на патувањето е размена на искуства и практики во имплементација на политики на родова еднаквост. Исто така студиската посета треба помогне во разбирањето на институциите на Шведска кои се вклучени во дизајнирањето, развојот, следењето и евалуацијата на родовите политики.

Преку размена на искуствата делегацијата од Република Северна Македонија ќе има можност да ги идентификува добрите практики, да одговори на предизвиците и дополнително да ги зголеми нивните капацитети, вештини и да ги признае новите начини за вградување на родот. Студиската посета е организирана како дел од проектот на „Советодавни услуги за вклучување на родовата перспектива на северномакедонската администрација на централно ниво“ – Фонд за родова еднаквост (ГЕФ).
Тренчевска и делегацијата предводена од неа на студиската посета од 3-ти до 6-ти мај ќе оствари средба со претставници на СИДА; Паулина Брандберг - Министерката за родова еднаквост и работен век на Шведска; претставници од Шведската асоцијација на локални власти и региони; Марија Сундин и Мигел Палм: советници на ЕУ во Секретаријатот за координација на шведскиот парламент за ЕУ; Кенет Г Форслунд - првиот заменик претседател и Јулија Кронлид - вториот заменик претседател на Работна група за родова еднаквост на шведскиот парламент.
Делегацијата исто така ќе оствари средба и со заменик претседателката на Комитетот за прашања на Европската унија, Матилда Ернкранс, како и со Хелена Вилхелмсон, член на Комисијата за пазар на труд и член на Управната група на парламентарната соработка за демократски развој.
Делегацијата ќе го посети и Националниот центар за знаење за насилство на мажите врз жените (NCK) на Универзитетот во Упсала.
Студиската посета е исто така треба да даде придонес и кон унапредување на процесите за влез на Република Северна Македонија во Европската унија.