03.05.2023

Размената на искуства на студиската посета во Стокхолм ги зајакнува капацитетите на делегацијата во однос на прашањето за родовата еднаквост

Делегацијата на Република Северна Македонија во Стокхолм, Шведска предводена од Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со претставници од Министерството за вработување во Шведска. Целта на средбата беше појаснување на политиките во однос на родовата еднаквост, функционирањето на владините структури и агенциите и нотата на родовата еднаквост во нивната работа.

На состанокот беше разговарано за влијанието на жените во однос на родовите прашања. Особено акцентот беше ставен на политичката волја уште од минатото за креирање на општество каде е застапена родовата еднаквост. Беа презентирани и реформите низ историјата на Шведска кои директно влијаат на унапредување на родовата еднаквост: поделеното плаќање на данок, реформите во јавните детски установи како и родителското отсуство кое, како што појасни претставничката е донесено во нивната држава уште од 1974 година.

Од страна на претставниците од министерството во Шведска беа презентирани и националните цели во однос на политиките за родова еднаквост.

На крајот од средбата беше дискутирано за следните чекори во унапредување на родовата еднаквост, владините главни стратегии по ова прашање, родовото буџетирање и родовиот меинстриминг.

Студиската посета со поддршката на UN Women преку проектот „Советодавни услуги за администрацијата на Република Северна Македонија на централно ниво за интегрирање на родовата еднаквост“ има за цел да ги зајакне капацитетите на институциите во однос на прашањето за родовата еднаквост.


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }