09.05.2023

Хусејин: Mултисекторскиот пристап во постапувањето со децата жртви на насилство е особено важен

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на дебата на која се зборуваше за врсничкото насилство, организирана од Американскиот Универзитет на Европа ФОН.

„Иднината на секое општество зависи од способноста да создаде услови за безбедна средина за раст и развој на следната генерација деца. Заштитата на децата од насилство претставува едно од основните права на секое дете. За жал, насилството останува да биде сериозна реалност за милиони деца во светот, оставајќи долгорочни последици врз нивниот развој, здравје и благосостојба”, рече заменик министерот Хусејин. 

Заменик Хусејин ги информираше присутните за активностите кои што Министерството за труд и социјална политика ги презема со насока на заштита и превенција на децата од насилство. Имено, тој особено се осврна на Националната стратегија за превенција и заштита на децата од насилство (2020-2025) и Акцискиот план (2020-2022). 

„Националната стратегија и Акцискиот план ги претставуваат визијата, целите, стратешкиот пристап на Владата и активностите што треба да се преземат и унапредат при превенција и заштита на децата од сите видови на насилство. Во тек е ревизија на постојниот акциски план и подготовка на нов, со активности кои ќе придонесат за поголема превенција на децата од насилство, посебно од врсничкото насилство кое е алармантно и остава далекусежни последици врз развојот на децата”, посочи Хусејин. 

Во продолжение, заменик министерот за труд информираше дека се работи и на систематско подобрување на политиките, законските решенија за превенција и заштита на  децата од насилство, но и на развивање соодветни услуги  за помош и поддршка на децата жртви на насилство, подготовка на програми за јакнење на капацитетите на стручните работници кои работат со децата жртви на насилство во групни домови и засолништа. 

Заменик министерот за труд и социјална политика информираше дека со цел да се истакне исклучителната потреба од навремено пријавување на  насилството на децата со поддршка на УНИЦЕФ, Националното координативно тело, изработи посебни индикатори за прибирање на податоците за пријавени деца жртви на насилство во сите сектори: образование, здравство, социјала и полиција. Податоците даваат преглед на распространетоста на појавата, податоци за децата жртви, видовите на злоупотреба, сторители и пријавители на насилството.

„Заради важноста од мултисекторскиот пристап во постапувањето со децата жртви на насилство, како и спречувањето на секундарната виктимизација на децата, изготвен е протокол за постапување и одржани се обуки на мултисекторските тимови во повеќе градови во државата”, потенцираше заменик министерот Хусејин.

Хусејин, исто така информираше дека МТСП со поддршка на УНИЦЕФ спроведува Кампања за позитивно родителство како најсоодветен начин за воспитување и грижа за децата. Изготвена е Национална Стратегија за родителство 2023-2030 и Акциски план за 2023-2025 за подигнување на свеста за одговорно родителство, со цел промоција и поддршка на добросостојбата на децата.

„Она што може да го направиме е да создадеме безбедна и стимулативна средина за учење и развој во градинките, преку воспитувачи коишто го разбираат и поддржуваат емоционалниот развој на децата”, рече заменик министерот за труд и социјална политика. 


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }