03.05.2023

Хусејин: Грижата за менталното здравје започнува од најмала возраст 

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на конференцијата „Менталното здравје ги засега сите“, чија цел е отворање на дискусија за потребата од системско зајакнување на поддршката за менталното здравје за децата и нивните семејства.

Заменик министерот Хусејин учествуваше на панел дискусијата: „Менталното здравје на децата и адолесцентите- Потреба од меѓусекторска акција”, при што истакна дека една од целите за 2023 година на Министерство за труд и социјална политика е и менталното здравје.

„Грижата за менталното здравје започнува од најмала возраст. Ако семејството е стартната точка за свесноста на менталната состојба на детето, на изразувањето и разбирањето на неговите емоции, потреби, втората точка се јавните установи за згрижување и воспитување на деца до 6 годишна возраст-детските градинки”, рече заменик министерот Хусејин.

Во овој контекст, Хусејин информираше дека во 10 градинки се пилотира програмата за вешто родителство и досега се обучени над 100 родители на деца на возраст 0-5 години.

Во  месец април 2023 се спроведуваат обуки за негователи „Градење на капацитети на негувателки во предучилишните установи“, согласно со Програмата за социјална кохезија и културен диjалог.

„Сето ова има директно влијание на менталната состојба и здравје на децата. Преку комплексен приод и вклучување на сите, родители и вработени во детската заштита влијаеме на целокупното ментално здравје на децата и градење на здрави индивидуи кои еден ден ќе бидат движечката сила во општеството”, потенцираше Хусејин.

Во месец март, Министерството за труд и социјална политика ја реализираше кампањата: „Гласна и храбра“, која го имаше во фокус менталното здравје и економското зајакнување на жените. Во панел дискусијата, заменик министерот Хусејин се осврна и на вложувањето во стручните работници во детската и социјалната заштита како клучни актери кои работат на ова мошне значајно прашање.

Па така, заменик министерот за труд и социјална политика, меѓудругото ги наброја активностите кои се преземени во насока на зајакнување на капацитетите и професионалните компетенции на стручниот кадар. Во 10 градинки се пилотира програма за инклузија во рамки на која направена е програма за алтернативна аугментативна комуникација (ААК), за обука на стручни работници, воспитувачки, специјални едукатори и други стручни лица при што беа обучени над 400 воспитувачки, наставници, специјални едукатори, логопеди и други стручни лица. 

Дополнително, во моментов се финализира поедноставен модул за обука за ААК за родители. Изработен е софтвер за поддршка на децата кои имаат потешкотии со говорот (комуникатор – Сиборд), и донирани се таблети во градинките за поддршка на инклузијата и користењето на ААК за децата со попреченост.

Наскоро на платформата Едуино ќе биде отворен и посебен дел за професионален развој каде ќе се стават онлајн обуки за воспитувачи и друг наставен кадар. Дополнително, преку Едуино досега се организирани 35 вебинари за воспитувачи и наставници.

Во текот на 2022 година во рамки на Континуирана професионална едукација од страна на Заводот за социјални дејности беа обучени вкупно 986 стручни работници, од кои 169 од машки пол и 817 од женски пол. Во овие обуки вклучени беа сите 30 центри за социјална работа установи за социјална заштита и други даватели на социјални услуги. Покрај овие беа реализирани и активности со други установи и организации во рамки на континуираната професионална едукација.

Министерството за труд и социјална политика со сите свои капацитети продолжува да вложува во зајакнување на капацитетите и професионалните компетенции на стручниот кадар, затоа што со тоа директно влијаеме на квалитетот на социјалните услуги и услугите во областа на детската заштита”, рече Хусејин.

На денешната конференција „Менталното здравје ги засега сите“, се истакнаа клучните резултати од програмите на УНИЦЕФ во Северна Македонија за ментално здравје за деца и адолесценти, вклучувајќи ги и главните наоди од новите две студии за менталното здравје.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }