05.05.2023

5 Мај-Денот на македонскиот јазик одбележан и во детските градинки 

По повод одбележувањето на 5 Мај-Ден на македонскиот јазик активно учество зема и Министерството за труд и социјална политика со пригодни активности во детските градинки во возрасните групи од 5 до 6 години.

Се реализираа воспитно-образовни активности според програмата на тема македонскиот јазик, користејќи детска литература, изработки на букви од азбуката, изработка на сликовници, препознавање на одредени букви од азбуката, изработка на пано со букви од македонската азбука користејќи природни материјали, едукативни сложувалки и друг вид на дидактички материјал.

Да го негуваме и чуваме и достојно да го пренесуваме на сите нови генерации. Затоа што јазикот е нашиот идентитет и не прави посебни и препознатливи сегде во светот. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }