05.05.2021
Заменик министерот, Хусејин го посети здружението на лица со посебни потреби ,,СОС ВИТА"
Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин денеска изврши го посети здружението на лица со посебни потреби ,,СОС ВИТА" со цел донирање на опрема односно инвалидски колички и средства за хигиена кои во март месец беа донирани од страна на Црвената полумесечина на Република Турција.
.jpg)
Претседателот на ,,СОС ВИТА‘‘ Ертан Шаќири упати благодарност за донацијата и за официјалната посета на заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, кој наведе дека не се заборавени од страна на Министерството за труд и социјална политика во овие тешки времиња особено во време на пандемијата.
Заменик министерот ги слушна проблемите на присутните членови на здружението на лица со посебни потреби ,,СОС ВИТА‘‘ и како преставник на ВРСМ вети дека заедно со ресурсите во министерството ќе изнајдат решение за решавање на предизвиците кои реално постојат.