14.07.2023

Тренчевска – Вуцас: Соработката со амбасадите секогаш вродува со успеси 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари проштална средба со австрискиот амбасадор Н.Е. Георг Вуцас и аташето на Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи, Харолд Фугер.

Патот на Република Северна Македонија кон Европската Унија и патот на усогласување на законските регулативи со цел интеграција на државата во ЕУ беа главниот фокус на разговорот на министерката и амбасадорот.

Амбасадорот Вуцас ја информираше министерката дека на крајот од јули неговата должност како амбасадор во Република Северна Македонија завршува. Тие разговараа за успесите и плодната соработка на Австриската амбасада и Министерството за труд и социјална политика вклучувајќи го прашањето за згрижувачки семејства и социјалната заштита.

Министерката на крајот од средбата ја изрази својата благодарност кон амбасадорот и неговата посветена работа која според неа даде придобивки на државата и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Министерката исто така посака пријатни последни денови на амбасадорот во неговата функција во државата и му посака големи успеси во наредните животни предизвици.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }