26.07.2023

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Фондациите Барка и Сизигија

Центарот за социјални претпријатија во Скопје, кој се отвори преку  проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ финансиран од Европската Унија и со поддршка на Министерството за труд и социјална политика продолжува со работа.

Денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика претставуван од министерката Јованка Тренчевска и Фондациите Барка и Сизигија кои се новите имплементатори на проектот.

Значајна е и  финансиска поддршка на Амбасадата на Република Полска во Скопје која денеска потпиша Договор за соработка со двете Фондации.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на почетокот од своето обраќање се осврна на одбележувањето на шеесет години од земјотресот во Скопје, реобновата на градот преку солидарноста и хуманоста , а токму тие се дел од принципите за развојот на социјалните претпријатија.

„Министерството за труд и социјална политика докажа дека е посветено во делот на поддршката на социјалното претприемништво преку усвојувањето на првата Стратегија за развој на социјални претпријатија усвоена во септември 2021 година. Го развивме и Националниот Центар за поддршка на социјални претпријатија кој е дизајниран да функционира како инкубатор за поддршка на постојните и на новите социјални претпријатија, но и за подигање на знаењето и свеста кај сите засегнати страни за социјалната економија и социјалните претпријатија во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка на социјалните претпријатија“, истакна Тренчевска.

Амбасадорот на Република Полска во Скопје, Кшиштоф Гжелчик изрази задоволство од остварената соработка и ја нагласи поддршката на Република Полска во развојот на социјалното претприемништво.

„Горд сум што проектот кој го финансира нашата амбасада не само што го помага развојот на социјалното претприемништво, туку и како инспирација ги користи полските достигнувања, решенија и искуства во ова поле. Во долгорочна перспектива проектот ќе доведе до поголема социјална и професионална интеграција на луѓето кои се во ризик од маргинализирање, ќе создаде работни места и ќе обезбеди социјални услуги добри за општеството и локалниот развој“, изјави амбасадорот на Република Полска во Скопје, Желчек.

На денот на кој Скопје го одбележува денот во кој солидарноста имаше огромно значење, во Центарот за социјални претпријатија фокусирани се на поддршка на солидарната економија. Центарот продолжува со работа и во него можат да се обратат сите организации кои се активни во ова поле на работа.     

Проектот „Поддршка на развојот на социјалните претпријатија“ е финансиран од Амбасадата на Република Полска, а имплементатори се фондациите „Барка“ и „Сизигија“.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }