19.07.2023
Министерката Тренчевска отпатува на работна посета во Република Србија
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на покана на министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања на Република Србија, Никола Селаковиќ од денес до петок ќе престојува во работна посета на Република Србија.
Посетата на министерката Тренчевска започнува со билатерална средба со српскиот министер Селаковиќ во Владата на Република Србија, по што се планирани и изјави за медиумите.
Во текот на посетата министерката Тренчевска ќе присуствува на презентација на новиот софтвер - Систем за заштита и дигитализација на инструментите за социјална заштита (СОЗИС), кој што е наменет за работа на центрите за социјална работа и системот - Социјална карта кој служи за подобра распределба на средствата кои државата ги вложува во правата од социјалната заштита.
Согласно агендата министрите ќе посетат и Центар за социјална работа каде се имплементира новиот софтер.
Последниот ден од посетата на Република Србија, министерката Тренчевска ќе го искористи за посета на Јавна предучилишна установа во Земун.