13.01.2023

Тренчевска: Задоволство е заедно со највозрасните и најискусните да ја започнеме годината

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ги посети пензионерите во Здружението на пензионери во Кавадарци. Во знак на празникот Василица меѓу присутните традиционално беше поделено лепче со паричка и беше одржана лотарија на која беа доделени 30 награди.

Тренчевска ги поздрави присутните и посака успешна и среќна година. Таа посочи на заложбите за пензионерите изминатата година и рече дека очекува оваа да биде уште поуспешна од минатата. Министерката ја искористи приликата и да се заблагодари на сите пензионери за нивната посветеност и рече дека без нивните заложби нема да бидат толку успешни политиките кои се креираат за највозрасните.

Настанот беше поддржан и од страна на пратеничката, Даниела Колева. Присутни беа и претседателката на сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова и директорката на центарот за социјална работа на Кавадарци, Весна Дамјаноска тие ги поздравија ваквите настани со кои се одбележуваат празниците.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }