05.01.2023

Министерката Тренчевска и децата од групните домови „25мај“ и корисниците на Заводот за рехабилитација -Топанско поле, подготвуваа бадникова трпеза

Во пресрет на големиот христијански празник Бадник, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ги посети децата од групните домови при ЈУ „25 мај“ и корисниците од ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци - Топанско поле.

Заедно со децата во еден од групните домови при ЈУ „25мај“, подготвувааа бадникова трпеза. Подготовката на празничната трпеза се состоеше од бадниково лепче со паричка, сарми, грав, колачиња и други посни јадења карактеристични за овој празник.

Министерката Тренчевска денеска ја предаде донацијата од два телевизори за групните домови, обезбедени преку соработката на министерството и општествено одговорната компанија Жикол.

Истовремено беа разменети и други подароци во знак на празниците.

Бадникова трпеза се подготвуваше и со корисниците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци -Топанско поле. Притоа, секој од нив беше вклучен во подготовка на храната за Бадник. Традиционално се кршеше и лепче со паричка, пропратено со песна и музика во изведба на корисниците и вработените.

Искрените насмевки, прегратки и позитивната атмосфера се потврда дека социјалната реформа дава резултати. Децата и лицата со попреченост се дел од нашето општество и колку повеќе ги вклучуваме во секојдневието, толку поголеми придобивки ќе има целото општество.

Продолжуваме посветено да работиме на каузата - едно општество за сите!

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }