08.02.2023

Осмата јавна расправа за Законот за работни односи одржана во Општина Кавадарци

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше присутна на осмата јавна расправа која се одржа во Општина Кавадарци. Пред присутните кои беа дел од работодавачи, синдикати и останатите релевантни чинители беше презентирана нацрт верзијата на Законот за работни односи. Целта на јавните расправи е да се дојде до конструктивни коментари и критики кои треба позитивно да влијаат при подобрување на текстот на документот.

Тренчевска во своето воведно обраќање ја истакна важноста на јавните расправи како и важноста на транспарентниот начин на креирање на овој документ кој според неа претставува устав за работничките права.

Претставниците од работната група ги презентираа новините од предлог Законот за работни односи. Беа истакнати измените во колективните договори, инспекцискиот надзор и породилното отсуство. 

На крајот од јавната расправа беа објаснети дел од забелешките на присутните и беа позитивно прифатени конструктивните коментари особено од страна на групата на работодавачи.

Претставниците од работната група на законот уште еднаш потврдија дека ова ќе биде документ кој треба да ги штити правата на работниците но, и да биде во согласност со барањата на работодавачите. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }