20.02.2023

Гаранција за млади, новитетите во Оперативниот план 2023 и поедноставно работно ангажирање на сезонските работници на денешната седница на Економско социјалниот совет

Економско социјалниот совет денеска ја одржа петтата седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, а покрај претставници на институциите  беа присутни претставници на работодавачите, репрезентативните и нерепрезентативни претставници на синдикатите.

На денешната седница на дневен ред беа Годишниот извештај за работата и функционирањето на Економско-социјалниот совет за 2022 година, беше усвоена Предлог годишната програма за работа на ЕСС за 2023 година, беше презентирана информацијата за можностите за поедноставено ангажирање на работници во привремени, повремени и сезонски работни ангажмани, новиот план за спроведување на Гаранцијата за млади 2023-2026 и Оперативниот план за активни програми и мерки за 2023 година.

Во врска со поедноставеното ангажирање на работници во привремени, повремени и сезонски работни ангажмани беше посочено дека во моментот се направени анализи во врска со ова прашање, ќе биде формирана и  работна група во која ќе бидат вклучени сите релевантни чинители. Планот е да се донесе едно законско решение кое ќе ги опфати невработените лица, учениците над 15 години,  студентите, пензионерите, корисници на гарантирана минимална помош и  лица во работен однос, кои вршат дополнителна работа. Притоа опфатени се дејностите  земјоделство, угостителство, туризам и лични услуги и услуги  во домот. Целта е зајакнување и поголема заштита на работниците и формализирање на неформалната работа.

Новиот План за спроведување на Гаранцијата за млади 2023-2026, воведува новитети, каде во фокусот се лицата NEET група односно лица од 15-29 години, кои не во процесот на образование, не се вработени, и не вклучени во некои од обуките.

Се вклучуваат и приватните агенции за вработување, да се прошират видовите на услуги, воведување на нови регионални центри за обука  и зајакнување на капацитетите на Агенцијата за вработување и соработка со приватните агенции за вработување.

Во однос на Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2023 година, се рефлектираат мерките кои се покажале како најатрактивни и се воведуваат пилот мерки согласно барањата на компаниите од реалниот сектор претставени од стопанките комори и ТИРЗ зоните.  Главна новина е тоа што во различните видови обуки ќе бидат вклучени лицата со ниски квалификации односно минимум завршено основно образование. 

Во однос на ратификациите на трите конвенции на МОТ за БЗР во три сектори – рударство, градежништво и земјоделие беше предложено и усвоено во оваа фаза да се ратификуваат двете конвенции, рударство и градежништво, а конвенцијата за земјоделие да биде ратификувана подоцна по реформата во земјоделието.

За Предлог Законот за работните односи, министерката информираше дека се одржани  9 јавни расправи, дека и понатаму ќе се продолжи со консултативни средби со сите засегнати страни и во моментот кога ќе се приближат и усогласат ставовите ќе се состане повторно работната група со цел да се изнајде законско решение кое што ќе биде прифатено од сите.

Сите точки од предложениот дневен ред беа едногласно прифатени од сите членови на Економско социјалниот совет.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }