01.12.2023

Тренчевска: Во континуитет и развиваме социјални услуги со што овозможуваме  достоинствено, активно и социјализирано стареење

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на панел дискусијата „Стареењето и миграцијата: двојни демографски предизвици во Северна Македонија“ во рамки на конференцијата организирана од страна на Светска Банка по повод 30 години партнерство меѓу Северна Македонија и Светска Банка.

„Миграцијата има сериозни импликации за растот и продуктивноста. Како што населението се намалува и старее, се јавува недостаток на квалификувана работна сила. Одливот на мозоци може да доведе до значителни празнини во виталните сектори и да ја намали продуктивноста. Стареењето и миграцијата, исто така, го зголемуваат  притисокот врз системот за социјална заштита во Северна Македонија и  врз потребата од обезбедување на  јавни услуги“ рече Тренчевска. 

Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика активно работи на спречување на негативните последици од трендовите на миграцијата и дека истите тие предизвици се опфатени во Стратегија за демографија.

Во оваа насока Министерката го објасни Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го имплементира Министерството за труд и социјална политика со поддршката на Светска банка.

„Преку овој проект доделени се  грантови и потпишани се 34 договори со општини и даватели за развој на нови социјални услуги. Најголем дел од овие услуги се наменети за помош и нега на стари лица, а останатите се за развој на услугите: дневен престој за стари лица со активно стареење, дневен престој за деца со попреченост и индивидуални третмани, дневен престој за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост, лична асистенција и советување. Социјалните услуги преку овој проект ги добиваат повеќе од 1591  корисници. За давање на услугите ангажирани се 460 негователи, лични асистенти и стручни лица кои во најголем дел  или 66% биле долгорочно невработени лица, а 40 или 15 % биле приматели на гарантирана минимална помош, со што овој проект дава свој придонес за активација и за  вработување на тешко вработливите  лица пред се од руралните области“ изјави Тренчевска.

Таа истакна дека демографијата е доста комплексно прашање и дека за релевантен одговор покрај влогот во центри за стареење и услуги за највозрасните, заедно со Светска Банка министерството вложува и во раниот детски развој.

Министерката посочи дека одговарајќи на реалните потреби кои ги има државата, министерството заедно со Светска Банка ќе имплементира втор проект за унапредување на социјалните услуги со кој како што изјави Тренчевска се очекува да се постигнат уште поголеми успеси.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }