26.12.2023

Тренчевска: Продолжуваме со силна поддршка на граѓански организации во превенцијата и спречување на насилството

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Проф. др. Гордана Силјановска Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички, Даниела Димитриевска, извршна директорка на Македонското женско лоби и Лилјана Поповска, член на извршниот одбор на Европското женско лоби и поранешна пратеничка се обратија на конференцијата „Превенција и заштита од насилство врз жените и девојчињата. Регулатива, имплементација и реалност“. 

Тренчевска во своето обраќање зборуваше за моменталната ситуација во државата во делот на свеста на населението за насилството и актите на насилство. Таа истакна дека државата со спроведувањето на законите бележи напредок во делот на ова прашање, насилството е се повеќе пријавувано и таа истакна дека дополнително кон тоа придонесува и извештајот ГРЕВИО.

„Како држава го подготвивме првиот иницијален извештај за спроведување на Истанбулската конвенција и  истиот е доставен до ГРЕВИО мониторинг телото и скоро треба да ги добиеме препораките за понатамошно унапредување на одговорот во справувањето со родово базираното насилство. Истите ќе бидат адресирани во Новата Стратегија за справување со насилството врз жените и семејното насилство која треба да се подготви во наредниот период“, рече Тренчевска. 

Таа по истакнувањето на заложбите на институциите посочи дека нејзина цел ќе остане поддршката на невладиниот и граѓанскиот сектор затоа што според неа токму тие ја менуваат општествената свест. Посочувајќи дека само со заеднички пристап ќе може да се дојде до напредок.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }