01.12.2023

Тренчевска: Ниту едно дете со попреченост не е веќе во институција, тоа е гордост и за Владата и за министерството

„Во изминатите години имаме одлична соработка со Светска Банка во спроведувањето на Проектот со подобрување на социјалните услуги. Во оваа прилика сакам да и се заблагодарам и на тимот кој работи на проектот кој што покажаа добри резултати, пред се за граѓаните. Особено ме радуваат резултатите во делот на детската заштита. Нашата цел е да обезбедиме пристап до предучилишно воспитание и образование за сите деца“ вака го започна министерката состанокот со претставниците од Светска Банка.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Паоло Бели, менаџерот на пракса за социјална заштита и работни места за Источна и Јужна Африка во Светската банка и Рита К. Алмеида менаџерката во глобалната практика за образование на Светска банка, која го покрива регионот на Европа и Централна Азија.

На средбата се разговараше за целите на Проектот за подобрување на социјалните услуги и неговите цели.

„Социјалните услуги ги започнавме во 2019 година и истите се со исклучителна важност за највозрасните во нашата држава. Моментално немаме ниту едно дете кое е сместено во институција. Во малите групни домови имаат  многу подобри услови за живеење и деновите им поминуваат исполнети со љубов. Со Светска Банка најпрво започнавме со социјалните сервиси како што е услугата помош и нега во домот“ рече Тренчевска. 

Таа истакна дека е големо задоволството да се гледаат среќните лица на корисниците. Министерката рече дека за министерството најважно е овие услуги да бидат одржливи и истакна дека од таа причина договорите потпишани од страна на проектот продолжуваат да се имплементираат од централниот буџет.

На крајот на средбата се разговараше и за поддршката на Светска Банка во делот на социјалното осигурување и пензиите. Министерката истакна дека нема да дозволи да се донесе ниту една политика која ќе ја загрози исплатата на пензиите и стабилноста на Пензискиот фонд. Таа истакна дека нејзина единствена цел е да го одржи континуитетот на полнење на пензискиот фонд и затоа потврди дека ќе продолжат нејзините заложби за извлекување на ранливите категории на граѓани од системот за социјална заштита со нивно вклучување на пазарот на трудот. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }