07.12.2023

МТСП: „Сложувалка“ ја завршивме со руралните жени, таму каде што имаме најголем успех на економско зајакнување изминатите години

Завршниот настан од кампањата „Сложувалка“ организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика  заедно со Фондот за население на Обединетите Нации - УНФПА во РСМ со поддршка на Британската Амбасада во Скопје. На панел дискусијата „Жените во рурална средина - развој, зајакнување и сопирање на родово-базирано насилство“ се обратија Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска и земјоделката од беровското село Будинарци, Вангелина Пармачка, додека настанот го затвори Амбасадорката на САД во РСМ, Анџела П. Агелер.



„Во средината каде најголем дел од жените се вклучени во земјоделието и каде имаме најискористени фондови ја одржавме последната трибина во рамки на 16 денови активизам за борба против насилство. Вклучувајќи се во оваа глобална кампања со „Сложувалка“ реализиравме голем број на активности, а денес имам чувство дека конечно ја составивме сложувалката. Ги вклучивме сите институции и ги опфативме сите жени“ рече Тренчевска.

Министерот Николовски зборуваше за заложбите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на економско зајакнување на жените од руралните средини.

„Mене ми е драго што свеста во општеството се менува и руралната жена заслужено и со почит се искачува се повисоко на социјалната скала. Ако во минатото руралните жени немаа имот на свое име, не остваруваа приход и не добиваа плата за својот труд, немаа платно продилно отсуство, денес таа слика е сменета, а руралната жена станува силна и независна и е активен учесник во општествените случувања, давајќи силен придонес при креирањето на мерките и политиките. Заедно решивме многу проблеми, постигнавме историски исчекор во подoбрувањето на условите за живот на жените во руралните средини“ истакна Николовски.



Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат жените во руралните средини и за успесите кои федерацијата ги има достигнато заедно со МЗШВ и МТСП.

„Нема да биде тешко за нас жените од руралните средини ако не се трпи родово базирано насилство, тоа не разликува урбани и рурални средини се случува на двете места подеднакво. Меѓутоа кај нас е на повисоко ниво затоа што руралната жена не е социо-економски јака. Јас како претседателка во 2018 година со овие 2 министерства, кога актуелната министерка беше државна секретарка ја потпишавме Декларацијата за социо-економско јакнење на жената токму на денот на руралната жена. И од тој ден континуирано и интензивно работиме на мерки и програми за јакнење на жената од руралните средини“ истакна Мојсовска.

На панел дискусијата последна се обрати земјоделката од беровското село Будинарци, Вангелина Пармачка која ја раскажа својата приказна. Таа зборуваше за нејзините почетоци и вклучувањето во земјоделието. За осудувачките зборови од нејзините блиски и луѓето од нејзиното село, но и за нејзината упорност за да може да успее како жена земјоделка. 

На настанот воедно беа прочитани и реални приказни на жени од руралните средини кои имаат претрпено насилство.

„Бев мажена многу млада на мои 17 години и одма родив едно машко дете, па наредната година уште едно и наредната година родив близнаци. На мои 21 година веќе имав четири деца и којот живот беше сведен ан чистење, готвење, грижа за децата и мажот. И се така се одвиваше се додека мојот маж не започна се почество на оди во коперација да игра карти, да пие и помалку да работи. Тогаш почнаа кавгите со нас дома. Прво се караше со татко му, па мајка му и потоа почна да не тепа мене и мајка му и тоа пред децата. Тоа најмногу ме боли до ден денес што мораа да гледаат и да плачат. Немав каде се обратам, свекрва ми неколку пати ми велеше да одам почесто кај моите и таму да седам со децата. Тоа го правев и на крајот и нив им ја кажав приказната. Не добив некоја поддршка ми кажаа дека јас сум мажена во таа куќа и тоа е мојот дом. Мажот ми тонеше во долгови и моите свекор и свекрва почнаа се да продаваат, ниви, стока и за среќа куќата не беше делена со братот на свекор ми и не можеа да ја продадат. Сеуште живееме во трошната куќа, јас сега работам и како сезонски работник и само надеж ми се моите деца кои ги терам да учат и што поскоро да си заминат од селото“ изјава на рурална жена која претрпела насилство.

Настанот го затвори Амбасадорката на САД во РСМ, Анџела П. Агелер, Таа ја истакна својата поддршка за Министерството за труд и социјална политика и истакна дека насилстово е особено важно прашање за кое треба да се зборува и да се подига свеста. Таа повика на повторни средби и плодни дискусии на оваа тема.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }