18.12.2023

МТСП: Одбројуваме со насмевки, затоа што СРЕЌАТА СЕ СПОДЕЛУВА!

Министерството за труд и социјална политика со поддршката на приватниот сектор и невладините организации и фондации, а во соработка со останатите министерства во пресрет на Новата година започна низа на настани во духот на предновогодишните празници. Настаните под името „Среќата се споделува“ ги мапираат ранливите категории на граѓани кои се дел од штитениците на Министерството за труд и социјална политика. 

Денес беше одржан првиот настан во низата настани каде што министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и децата од ранливи категории на граѓани ја гледаа претставата „Гига Мега Бајка“ во Театарот за деца и младинци во Скопје. 

Министерството за труд и социјална политика во периодот кој што следува под водство на Тренчевска ќе биде активно на територијата на државата каде што се мапирани ранливи категории на семејства и на истите ќе им бидат споделувани пакети со храна во пресрет на празниците.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }