06.12.2021
Заменик министерот Хусејин на работна средба со претставници на стопански комори од Турција
На 6.12.2021 година, заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин оствари работна средба со претставници на стопански комори од различни градови од Турција.

Заменик министерот Хусејин ги запозна претставниците на стопанските комори од Турција со надлежностите и актуелните политики, мерки и активности кои што ги спроведува Министерството за труд и социјална политика.
Заменик министерот за труд и социјална политика Хусејин и претставниците на Стопанската комора на Газиантеп, Стопанската комора на Гиресун, Стопанската комора на Инегол, Стопанската и индустриската комора на Сивас и трговската и индустриската комора на Елазиг дискутираа и за пазарот на труд во Република Северна Македонија и работното законодавство.

На средбата, претставниците на стопанските и индустриските комори од Турција искажаа намера за инвестициони вложувања во Република Северна Македонија, при што истата беше поздравена и поддржана од заменик министерот за труд и социјална политика.
Посетата е организирана во рамките на проектот Еразмус+ „Седум врати кон Европа“,(Seven Doors To Europe)”, координиран од Универзитетот Ушак. Целта на проектот е и создавање на мрежа помеѓу стопанските и индустриските комори и да се обезбедат повеќе предности за практикантска работа помеѓу универзитетите.