23.12.2021

Министерката Шахпаска им подари пакетчиња на дечињата од Малиот групен дом во Капиштец

Во пресрет на Новогодишните празници министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се дружеше со децата од Малиот групен дом во скопски Капиштец, кој функционира во рамките на Специјалниот Завод Демир Капија.

На сите дечиња министерката Шахпаска им подари новогодишни пакетчиња и им посака многу љубов, здравје и среќа. Таа истакна дека од клучно значење е општеството да обезбеди целосна инклузија на лицата со попреченост и нагласи дека за Министерството за труд и социјална политика тоа останува клучен приоритет.

„Со деинституционализацијата и по нивното сместување во мал групен дом овие дечиња за прв пат се вклучени во образовен процес во посебни училишта. Нивното секојдневие е целосно променето. Живеат во топла атмосфера, најслична на семејната. Добро се примени од средината и од соседите. Ова е потврда дека македонскиот модел за деинституционализација дава позитивни резултати и е препознаен како позитивен пример и за други земји“, рече министерката Шахпаска.

Таа нагласи дека со овој процес се овозможи да нема ниту едно дете под 18 години сместено во резиденцијална установа. Сега тие се во мали групни домови, каде за нив се грижи стручен кадар кој секојдневно им помага на децата. Со новиот Закон за социјална заштита спуштена е границата за лична асистенција од 18 на 6 годишна возраст, што е уште една значаен напредок во грижата за лицата со попреченост.

  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }