17.08.2023

Тренчевска: Задоволството на корисниците од услугата помош и нега во домот е најдобар доказ дека социјалната реформа е успешна 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска посети корисник на социјална услуга помош и нега во домот, на територијата на општина Карпош, за директно да се информира како се одвива имплементацијата на оваа услуга.

Оваа услуга, која е наменета за лица со навршени 65 години на кои им е потребна поддршка и грижа во домашни услови е дел од сеопфатната социјална реформа што ја имплементира Министерството на труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка, преку Проектот за подобрување на социјалните услуги.

„Ваквите посети на корисниците и директната комуникација со нив придонесуваат да стекнеме целосна слика за тоа колку како Влада и ресорно министерство сме успеале да ги согледаме вистинските потреби на луѓето и да креираме мерки и политики кои ќе овозможат поголема инклузивност, ќе бидат достапни за сите на кои им е неопходна поддршка и она што е најважното-ќе го унапредат квалитетот на животот на луѓето. Од комуникацијата со овие наши сограѓани, кои преку оваа социјална услуга ја добиваат неопходната помош и нега во средината во која тие се чувствуваат најдобро, а тоа се нивните домови, можам да заклучам дека тие се задоволни од квалитетот на услугата, што за мене, а верувам и за сите кои се вклучени во синџирот на имплементацијата на услугата, е најважно“, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. 

Во оваа прилика таа искажа благодарност кон лицата кои секојдневно се грижат корисниците да ја добијат потребната поддршка, кон лиценцираните даватели на услугите, како и кон општините во кои се имплементираат овие услуги, за нивниот придонес во правилното и успешното функционирање на новиот децентрализиран систем на социјални услуги.

Конкретно, на територијата на општина Карпош, помош и нега во домот добиваат околу 60 корисници. Тие секојдневно, а најмногу до 80 часа месечно, добиваат помош при извршувањето на секојдневните активности-одржување на личната хигиена, облекување, хранење и примање на медицинската терапија, како и поддршка при чистење во домот, готвење, набавка на намирници и лекови. Оваа социјална услуга ја спроведуваат вкупно 20 обучени негувателки од „Нега Центар Карпош“–давател на услуги што работи во состав на Црвениот крст–Скопје и поседува дозвола за вршење дејност од социјална заштита.

Во рамки на Компонента 1 од Проектот за подобрување на социјалните услуги досега се поддржани вкупно 34 проекти кои ќе овозможат давање на услуги во 41 општина. Најголем дел од овие проекти се наменети за помош и нега на стари, изнемоштени и лица со попреченост во нивните домови, а се обезбедуваат и дневни центри за стари лица, дневни центри за престој на лица и деца со попреченост и центри за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост, како и услугата лична асистенција. За давање на овие услуги досега се обучени 300 лица кои обезбедуваат соодветни услуги за повеќе од 1200 корисници.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }