23.08.2023

Тренчевска во Кавадарци, нови капитални инвестиции и нови можности за граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес e на теренски активности во Општина Росоман и Општина Кавадарци. Тренчевска за медиумите изјави дека веќе се сретна со градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов и дека заедно веќе направиле увид на доградбата на градинката „Праскички“ со што ќе се зголеми капацитетот за сместување на деца во општината.

Тренчевска се осврна и на целта на средбата со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Министерката информираше дека ќе биде разговарано за двете капитални инвестиции: Дневен центар за лица со попреченост и Дом за стари лица кои ќе се реализираат на територијата на општината.

Министерката на медиумите ја најави и агендата до крајот на денот, таа информираше дека заедно со пратеничката Даниела Колева ќе остварат средба со Здружението на пензионери во Кавадарци и иницијативниот одбор од пензионери за протестите во Кавадарци. Исто така министерката потсети за настанот „Остави трага“ кој ќе се одржи на плоштадот во Кавадарци.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }