25.08.2022
Тренчевска: Донациите како денешната на „Филип Морис“, нека биде поттик за градење на едно похумано општество за сите
Донација од облека и опрема за училиште од страна на компанијата „Филип Морис- Тутунски комбинат Прилеп“, наменета за децата од малите групни домови при Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение „25 мај“, Скопје денеска беше доделена во еден од групните домови, како поддршка за почеток на новата учебна година.
На предавањето на донацијата присуствуваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска која изрази благодарност до компанијата „Филип Морис“, за хуманоста која ја покажува на дело и воедно упати порака до сите компании кои имаат можност да се приклучат во градењето на едно похумано општество за сите.
Министерството за труд и социјална политика, како ресорно министерство кое се грижи за најранливите категории силно ги подржува ваквите хумани дела кои значат многу за некој на кого поддршката навистина му е потребна. А сите заедно, институциите, приватниот и граѓанскиот сектор можеме да обезбедиме многу повеќе за сите оние граѓани на кои помошта и поддршката им е неопходна“, рече Тренчевска.
Најголемиот дел од донацијата е наменета за околу 30 деца згрижени во малите групни домови при ЈУ „25 мај“, дел ќе бидат за децата од групните домови при ЈУ „11 Октомври“- Скопје и Заводот за рехабилитација на деца и младинци, Топанско поле – Скопје.