21.03.2022

Тренчевска во посета на градинката „Гоце Делчев“ во Виница: Инвестирањето во човечкиот капитал, во децата, е најдобрата инвестиција за секоја држава 

„Ми претставува вистинска радост секој момент поминат со најмладите, во нашето општество, децата. Тие се нашата иднина и секој влог во нив е влог во иднината, во создавањето на подобро и похумано општество за сите. Општество кое нуди еднакви можности за сите граѓани, од најмлада до најзрела доба,“рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска при посетата на детската градинка „Гоце Делчев“, во Општина Виница.

Во знак на пристигнувањето на пролетта децата од градинката подготвија детска претстава и заедно со министерката Тренчевска и градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков засадија дрвца и цвеќиња во дворот на градинката. Министерката посочи дека ваквите активности, придонесуваат децата да учат низ игра како да се грижат за својата околина, како да ја заштитат природата и колку е тоа значајно за нивното здравје и здравјето на останатите луѓе.

„Како министерство во чија надлежност е детската заштита, во континуитет работиме на обезбедување на квалитетна едукација, ги зајакнуваме компетенциите на стручниот кадар со цел подобрување на квалитетот на предучилишните услуги, преку нови и иновативни методи и алатки за развој на децата,“ рече Тренчевска.

Во Општина Виница, функционираат пет детски градинки, од кои два се во градска средина и три во рурална, со вкупен број од 330 деца. Можноста од проширување на просторниот капацитет, со цел вклучување на повеќе деца во процесот на предучилишно образование, беше дел од разговорите при денешната посета на градинката. Градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков истакна дека граѓаните и квалитетот на живот на сите во општината е приоритет. Затоа, локалната самоуправа продолжува да инвестира во проекти кои ќе значат напредок во детската и социјалната заштита. Министерката истакна дека, министерството ги поздравува и поддржува сите иницијативи за проширување на капацитетите на детски градинки, и воедно ја охрабрува и општина Виница да достави барање и проект до министерството.

Од 2017 година до сега изградени се 65 нови градинки, при што опфатени се нови 3.850 деца во предучилишното образование. Во план е отворање на 12 нови градинки и опфат на нови 1450 деца. 

„Инвестирањето во човечкиот капитал, во децата од предучилишно образование е најдобрата инвестиција за секоја држава. Затоа, продолжуваме со инвестиции во иднината на државата, подвлече министерката Тренчевска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }