05.03.2022

Тренчевска: Со повисоки пензии и плати ги исполнуваме очекувањата на граѓаните

Kреираме политики за подобрување на економскиот стандард на граѓаните, за почитување на работничките и човековите права, политики за праведно општество без дискриминација, во кое секој граѓанин ќе има еднакви можности и еднаков пристап до ресурсите, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервјуто за „Фронтлајн.мк“. На новинарско прашање за покачувањето на пензиите и платите на администрацијата, таа посочи, дека реално е нашите највозрасни граѓани и админстративните работници да имаат повисоки примања.

„Синдикатот на УПОЗ се грижи за правата на работниците во јавниот сектор. Легитимно е да имаат барање за усогласување на платите во јавната администрација со минималната плата, кое ќе го достават до Владата. На средбата со претставниците на УПОЗ, се договоривме дека за нивното барања за покачување на платите во администрацијата ќе отвориме социјален дијалог. Како Влада ние сме подготвени да го отвориме прашањето за општ колективен договор за јавниот сектор. Се надевам дека во рамките на дијалогот меѓу Владата и Синдикатот ќе дојдеме до решение кое ќе биде добро за сите засегнати страни во интерес на вработените во јавниот сектор“, рече во интервјуто, министерката Тренчевска.

Според министерката Тренчевска реализирањето на повисоките пензии на највозрасната група на граѓани е дел од владината програма.

„Еден од приоритетите на Владата кое го нотиравме и во Програмата за работа 2022 -2024 година е токму покачувањето на пензиите. Преку дијалог - до нова методологијата за усогласување на пензиите и до системско  решение за нов начин на усогласување на пензиите. Со Сојузот на здруженијата на пензионерите го имаме најдоброто решение во интерес и на пензионерите и на Владата. Тоа значи и подигнување на животниот стандард на нашите највозрасни граѓани во државата. Со реални проекции за постојан раст на пензиите, никој нема да зависи од политичката волја на Владата во тој момент, туку ќе значи континуиран раст, и подобрување на условите за животно функционирање“, рече министерката Тренчевска.

Со Законот за минимална плата, со кој платата се покачи на 18.000 денари се воведе и системско решение со кое минималната плата нема да биде пониска од 57% од просечната плата.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }