10.03.2022

Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедуваме поддршка за сите граѓани 

Остварените права се видливи права, особено кога на лицата со телесна попреченост им се олеснува движењето во јавниот живот, со што тие постојано ќе бидат меѓу нас, рече министерката  за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешниот настан организиран од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет Македонија „Мобилност-Македонија“.

17 лица со телесна попреченост добија електрични додатоци за движење на инвалидска количка и уште 13 наши граѓани добија инвалидска колички на електро-моторен погон.

Министерката рече дека ортопедските помагала, им помагаат на нашите сограѓани во олеснувањето на секојдневието.   

„Верувам дека со овој пример на Министерство за труд и социјална политика кој во континуитет го продолжуваме, ќе поттикнеме и кај останатите институции на локално ниво, да покренат акции и да делуваат за подобрување на движењето на лицата со телесен инвалидет. Со одвојувањето на средствата од игрите на среќа ние ги зајакнуваме граѓанските организации а со тоа им помагаме на сите граѓани. На ваков начин, не само што придонесуваме кон слободата на движење, туку го подобруваме и квалитетот на животот и ја зголемуваме социјалната инклузија. Само слободни луѓе се среќни луѓе! Посакувам овој ден денеска да донесе среќа и насмевка кај сите вас“, рече министерката Тренчевска. 

Министерката Тренчевска посочи дека Министерство за труд и социјална политика, е партнер во сите акции кои се во интерес на граѓаните во насока на подобра иднина, поквалитетен и посреќен живот.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }