07.03.2022

Тренчевска: Ќе ги унапредиме правата на руралните жени 

Преку отворен дијалог и дебата ќе дојдеме до заедничко решение, за предлогот на Националната федерација на фармери во делот на остварување на правото за користење на платено родителско отсуство и боледување за регистрираните земјоделки, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Таа на денешната презентација на Анализата за изнаоѓање на правен механизам – „Заедно до успех“, подготвена од Националната федерација на фармери на Македонија, посочи дека процесот во унапредувањата на правата на жените земјоделки ќе  биде транспарентен со вклученост на сите засегнати страни. 


„До сега направивме многу активности во насока на унапредување на положбата на жените од руралните средини, меѓутоа тука нема да застанеме. Ќе продолжиме да креираме нови политики кои ќе значат дополнително подобрување на статутот на жените од руралните средини. Во новите законски решенија за  родовата еднаквост и за работните односи, се вметнати најдобрите европски практики, и очекуваме да дадат нова димензија во концептот на еднаквост. Тие се подготвува во соработка си сите засегнати страни бидејќи напредок може да има само со вистински партнерски однос. Заедно треба да работиме и на промена на традицијата и менталитетот, земјоделскиот имот подеднакво да се дели и на момчињата и на двојчињата во семејството,“рече министерката Тренчевска. 


На презентацијата на Анализата, министерот за земјоделие Љупчо Николовски, посочи дека руралната жена треба да биде силна и успешна. Информираше дека на утрешната владина седница ќе биде донесена Програма за рурален развој.


Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска, посочи дека со остварување на породилно отсуство и боледување ќе се овозможува земјоделките и земјоделците да бидат еднакви како и сите други граѓани бидејќи ќе се надмине обесправеноста и дискриминацијата.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }