16.03.2022

Тренчевска: Инвестирањето во човечкиот капитал е најважниот фактор на долгорочниот економски раст на една земја

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за финансии, Фатмир Бесими, советничката на претседателот на Владата на РСМ, Нина Фити, претставници од Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, оддржаа работен состанок со претставници на Светска банка во земјава, на кој беше присутен и програмскиот лидер за човечки развој за земјите од Западен Балкан и главен економист во Светска банка, Јамеле Риголини.

Тема на денешниот работен состанок, беше „Стратегијата за развој на човечкиот капитал“, како еден од приоритетите на Владата на Северна Македонија. Во моментов е изработена работна верзија, која наскоро треба да биде поставена на ЕНЕР, а со тоа се отвора и можноста на јавноста за коментари и сугестии, кои може да придонесат за нејзино понатамошно унапредување.

На состанокот беше истакнато дека човечкиот капитал е исклучително важен за секоја земја и вложувањето во истиот треба да овозможи забрзан, инклузивен и одржлив развој на земјата. Затоа вклученоста и меѓусекторската соработка на образование, здравство, социјална политика и труд и финансии, се од клучно значење за дефинирање на приоритетите содржани во стратегијата.

Според соговорниците инвестирањето во човечкиот капитал е најважниот фактор на долгорочниот економски раст. Стратегијата за човечки капитал, се заснова на подобрување на квалитетот на услугите во образованието, здравството и социјалната заштита, акцентирање на потребите на ранливите категории граѓани, зголемени инвестиции во човечки капитал и истовремено зголемена ефикасност на инвестиции и зајакнување на управувањето и зајакнување на капацитетите на секторите за човечки развој.

За „Стратегијата за развој на човечкиот капитал“, наскоро ќе биде отворена широка јавна дебата со вклученост на институциите и граѓанскиот сектор. Вложувањето во развојот на човечкиот капитал е вложување во развојот на едно општество.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }