28.03.2022

Тренчевска: Интезивирање на активностите на институциите е клучно за вистинска имплементација на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на работилница за решавање на предизвикот со неевидентирани лица во матична книга на родени и граѓанскиот статус на лицата без документи во Клуб на пратеници, на која учествуваа претставници од клучните институции кои што се поврзани со имплементацијата на Законот за неевидентирани лица и претставници на граѓанскиот сектор.

Целта на работилницата е спроведување на информативни активности со институции на национално и локално ниво за решавање на проблемот со лицата без документи во согласност со Законот за неевидентирани лица и создавање на синергија помеѓу сите засегнати страни, образовни, здравствени медијатори, РИЦ како и лица од граѓанскиот сектор кои што работат на проблематиката.

Министерката Тренчевска посочи дека подготовката на Законот за лица неевидентирани во Матична книга на родени е пример за решеноста на Владата на Република Северна Македонија да помогне на оваа категорија на лица кои не можат да ги остварат човековите права поради не поседување на документи.

„Законот им овозможува на оваа категорија лица да бидат евидентирани во посебни матични книги на родените и да добијат посебна идентификациона исправа којашто треба да им овозможи пристап до образование, социјална заштита, здравствена заштита и вработување,“ рече Тренчевска.

Владата на Република Северна Македонија формираше меѓуресорска Работна група составена од претставници на Министерства, Меѓународни организации и Невладини организации чија задача беше да ја утврди приближната бројка на лица без документи и да предложи мерки за надминување на овој проблем.

Според последните информации од работната група при од идентификуванитe околу 700 лица, за само половина од нив е обезбеден посебен извод на родени. Министерката Тренчевска потенцираше дека за целосна имплементација на Законот за лица неевидентирани во Матична книга на родени, потребно е интезивирање на понатамошните активности од страна институциите и службите под нивна надлежност, за да ова законско решение ја добие вистинската смисла за негово креирање.

Со цел успешно детектирање на проблемите за имплементација на ова законско решение и нивно успешно решавање, во периодот кој следува ќе бидат организирани повеќе вакви работилници, во чии рамки ќе бидат образложени и можностите поврзани со решавање на граѓанскиот статус на овие лица. Работилниците ќе бидат организирани со присуство на претставници на институциите, граѓанскиот сектор и лицата кои немаат идентификациони исправи.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }