02.03.2022

Тренчевска: Инклузијата на лицата со попреченост носи придобивки за целото општество, обезбедуваме еднакви можности за сите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  денеска се сретна со претставниците на Полио Плус –движење против хендикеп.

На средбата соговорниците разговараа за потребите и предизвиците на лицата со попреченост, личната асистенција која сега е достапна од шестгодишна возраст и инклузивниот процес на лицата со попреченост  во општествениот живот.

Министерката информираше за новиот Закон, кој Министерството за труд и социјална политика го подготвува, а се однесува на вработувањето на лицата со попреченост и за промената на системот за проценка на состојбата и потребите на децата со попреченост, согласно Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ), методологија препорачана од Светската здравствена организација. Следен чекор, по примената на МКФ, е воспоставувањето на долгоочекуваниот регистар на лица со попреченост, како алатка за полесно планирање, спроведување и следење на инклузивните јавни политики.

„Активното и целосно учество на лицата со попреченост во сите сфери на општественото живеење е придобивка за целото општество. Политиките на Министерството за труд и социјална политика  се насочени кон целосна и доследна имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на ОН. Процес  за кои се потребни системски и одржливи решенија кои ќе дадат резултати на долг рок,“ рече министерката Тренчевска.

Таа информираше за можноста и поддршката која Министерството за труд и социјална политика ја дава на граѓанските организации како даватели на социјални услуги.

„Придобивките од воспоставувањето на социјалните услуги на локално ниво се двојни, затоа што ги вклучуваме тешко вработливите лица на пазарот на труд, а истовремено помош и грижа добиваат лицата на кои таа им е неопходна, старите лица и лицата со попреченост,“ рече министерката Тренчевска.


Таа  ја истакна и важноста на учеството на децата со попреченост во редовниот образовен процес, при што се овозможува децата да пораснат во идни активни граѓани кои придонесуваат за општиот прогрес на општеството. Таа информираше дека, од 2018 година со подзаконски акт е пропишано сите нови градинки да бидат целосно пристапни за децата со попреченост. Како и дека заедно со УНИЦЕФ се спроведуваат и обуки за стручниот кадар во градинките за работа со децата со попреченост.

Од страна на претставниците на Полио Плус, беше посочено дека заедничката соработка со Министерството за труд и социјална политика продолжува и понатаму со нивно активно учество во градењето приоритети кои се од клучно значење за лицата со попреченост.

Министерката Тренчевска изрази уверување дека Министерството за труд и социјална политика е отворено за дијалог со претставници на лицата со попреченост и нивните семејства, бидејќи еднаквост, рамноправност и достоинство се идеалите кон кои сите заеднички се стремиме.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }