17.3.2022

МТСП: Обезбедивме одржлив и континуиран раст на пензиите, повисоки пензии за околу 900 денари и финансиска поддршка од 3000 денари

 

Измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои се обезбедува одржлив и континуиран раст на пензиите едногласно беа усвоени од пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.

Со овие измени пензионерите добиваат повисоки пензии за околу 900 денари, согласно новата методологија за усогласување на пензии, која предвидува усогласувањето на пензиите да се врзе за  порастот на трошоците за живот со 50%, и за просечна плата, исто така во висина од 50%.

  

Усогласувањето на пензиите, ќе се врши два пати во годината, 1 март и 1 септември согласно официјалните податоци на Заводот за статистика.Со новата методологија, пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, од септември секој месец ќе имаат просечно 900 денари плус на својата сметка и тоа е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија.

2022 година за 12 месеци, заедно со директната финансиска помош, во просек пензионерите ќе имаат вкупно годишно околу 12.000 денари плус во буџетот во однос на 2021 година.

Освен растот на пензиите со новата методологија, Собранието ја усвои и финансиската поддршка за пензионерите од 1000 денари која ќе биде исплатена со мартовската, априлската и пензијата во мај. 

Овие дополнителни 3000 денари за овие три месеци, се исклучително добредојдени во период на продлабочена економска и енергетска криза.

Грижата за граѓаните, обезбедувањето на достојни услови за живот, еднакви можности за напредок, развој и просперитет на сите во општеството е приоритет за Министерството за труд и социјална политика.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }