30.05.2025

Во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната година 2024/2025 година  

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2024/2025 година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

  • за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
  • за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
  • за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
  • за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.
Грижата за сите граѓани е наш приоритет!

27.05.2025

Околу 12 илјади граѓани нема повеќе да чекаат потврда за ослободување од партиципација преку поврзување на системите на социјална и здравствена заштита 

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека граѓаните-корисници на права од системот на социјална заштита кои се ослободени од партиципација за користење на здравствена заштита, можат непречено да ги остваруваат своите права без притоа тоа да го докажуваат со потврда од центарот за социјална работа.

Повеќе

26.05.2025

Означен почетокот на проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет на социјалните услуги во Република Северна Македонија

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска со  воведни обраќања го означија почетокот на проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет на социјалните услуги во Република Северна Македонија“. 

Повеќе

22.05.2025

Министерот Лимани оствари средба со Амбасадорот на Државата Катар, Н.Е Рашид Бин Саид Ал-Хајарин 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со в.д. амбасадорот на Државата Катар во Република Северна Македонија, Н.Е Рашид Бин Саид Ал-Хајарин.

Повеќе

16.05.2025

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу министерствата за здравство, образование и социјална политика за рана интервенција во детството

Министерството за здравство, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за образование и наука денеска потпишаа Меморандум за соработка за пилотирање и подготовка за имплементација на семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството (РИД).

Повеќе

15.05.2025

Државниот секретар Сабриу присуствуваше на отворање на Дневниот центар ГНЕЗДО – Центар за деца и родители во социјален ризик

Државниот секретар на министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу присуствуваше на официјалното отворање на Дневниот центар ГНЕЗДО – Центар за деца и родители во социјален ризик.

Повеќе

15.05.2025

Лимани: Нашата визија е општество во кое секое дете има можност да расте во сигурна, грижлива и поттикнувачка средина

По повод 15 Мај Меѓународниот ден на семејството, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија Н.Е Фатих Улусој, испратија силни пораки до јавноста.

Повеќе

14.05.2025

Регионалната конференција „Empowered“ во Скопје ги обедини актерите од Западен Балкан за поголема инклузија на лицата со попреченост

Денес во Скопје се одржа регионалната конференција „Empowered – Предизвици и можности за работна и социјална инклузија на лицата со попреченост во регионот на Западен Балкан“, на која присуствуваа над 100 учесници од целиот регион, меѓу кои претставници на министерства, меѓународни организации, здруженија на лица со попреченост, локални власти и експерти.

Повеќе

14.05.2025

Лимани: Приоритет на новиот Национален акциски план е намалувањето на детската сиромаштија и воведување на Европската детска гаранција

На настан посветен на справување со детската сиромаштија и социјалната исклученост, Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка од УНИЦЕФ, ги претстави резултатите од анализата и препораките за политики за сеопфатен пакет на услуги кои треба да се разгледаат во рамки на Европската гаранција за децата во Северна Македонија.

Повеќе

12.05.2025

Општина Прилеп добива нова, современа градинка

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески ја отворија градинката „Бајка“ во населбата Точила, објект во состав на јавната установа за деца „Наша иднина“ Прилеп.

Повеќе

11.05.2025

Новата градинка во населба Инџиково, се гради со средства од државниот буџет, преку проект од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заменик министерот Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Боби Стефковски, денеска извршија увид на градежните активности на новата детска градинка во населба Инџиково, Општина Гази Баба.

Повеќе

08.05.2025

Одржана втората седница на Националното  координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област

Националното  координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област, чиј координатор е  министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска ја одржа втората седница.

Повеќе

07.05.2025

Доделени 24 ортопедски помагала на лица со телесен инвалидитет 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со претседателот на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија–Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски доделија 24 ортопедски помагала на лица со телесен инвалидитет. Средствата за набавка на помагалата се обезбедуваат на годишно ниво од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Повеќе

05.05.2025

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Април 2025 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Мај 2025 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:  

  • 05.05.2025 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
  • 06.05.2025 – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }