15.05.2025

Лимани: Нашата визија е општество во кое секое дете има можност да расте во сигурна, грижлива и поттикнувачка средина

По повод 15 Мај Меѓународниот ден на семејството, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија Н.Е Фатих Улусој, испратија силни пораки до јавноста.

Во продолжение обраќањето на министерот Лимани:  

Денес, по повод Меѓународниот ден на семејството, заедно со амбасадорот на Турција, ги реафирмираме нашите долгогодишни пријателски односи и нашата заедничка посветеност кон унапредување на семејството како основна вредност и столб на општеството.

Семејството претставува извор на стабилност, љубов и солидарност, и затоа нашата соработка се фокусира на креирање политики што ќе го поддржат неговото јакнење – преку социјални услуги, поддршка за младите генерации и развој на инклузивни и одржливи мерки.

Како институција, нашата основна задача е да обезбедиме поддршка за сите форми на семејства и да ги задоволиме нивните различни потреби.

Во таа насока, Министерството активно спроведува низа значајни иницијативи со цел унапредување на заштитата на децата и поддршката на семејствата, меѓу кои:

  • Имплементација на Европската детска гаранција, со акцент на еднаков пристап до основни услуги за најранливите деца,
  • Промоција на позитивно родителство, преку обуки, ресурси и поддршка за родителите,
  • Развој на систем за рана интервенција, насочен кон навремено препознавање и поддршка на деца со потешкотии во развојот,
  • Изработка на Национален акциски план за правата на децата (2025–2029), како стратешки документ за унапредување на детските права,
  • Законски измени за зајакнување на заштитата на децата, вклучувајќи формирање на специјализирано тело за следење на нивните права,
  • Унапредување на системот за згрижување, со отворање на нови центри за поддршка на згрижувачките семејства,
  • Изработка на нов Граѓански законик, со што ќе се унапредат семејноправните односи и ќе се приближиме до европските правни стандарди.

Нашата визија е општество во кое секое дете има можност да расте во сигурна, грижлива и поттикнувачка средина; каде што семејствата се поддржани, а младите охрабрени да ја градат својата иднина со надеж и самодоверба.

Веруваме дека преку стратешка соработка, размена на знаења и заедничка посветеност, можеме да создадеме инклузивна, праведна и одржлива заедница за сите.

Денешниот Меѓународен ден на семејството е потсетник дека токму во семејството се темелат вредностите што го движат едно општество напред.

Да вложуваме во тие вредности – со срце, со визија и со заеднички чекори.

Благодарам.

*****

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }