31.05.2022

Тренчевска: Влогот во човечкиот капитал е влог во државата

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се обрати на панел дискусијата „Човечкиот капитал во дваесет и првиот век“ во рамките на „Скопскиот економски и финансиски форум“.

Министерката зборуваше за важноста на предучилишното воспитание и зајакнување на капацитетите на вработените во градинките. Како и за креирањето на политики и мерки за решавање на предизвиците со невработеноста и вработливоста на младите.

„Развивањето на вештини уште од раното детство ги поставува темелите за успех во понатамошниот развиток на децата. Во изминатиот период вложуваме во детските установи и ги зголемуваме капацитетите на градинките за што поголема вклученост на децата во нив. Вложувањето само во инфраструктурата нема да донесе успех, затоа ги зајакнуваме и капацитетите на вработените во градинките“, изјави Тренчевска.

Во однос на мерките и политиките каде во фокус се младите, министерката истакна дека особено значајна е Гаранцијата за млади.

„Гаранцијата за млади, која е дел од Европските носечки иницијативи и има за цел да им обезбеди на младите лица (15-29 години) во период од четири месеци од денот на евиденција во Агенција за вработување на Република Северна Македонија, квалитетна понуда за вработување, континуирано образование и обука или практикантство. Република Северна Македонија е прва земја од земјите на Западен Балкан кои ја воведоа и применија  Гаранцијата за млади“, рече Тренчевска.

Министерката додаде дека особено е атрактивна и Програмата за самовработување преку која Владата доделува 5.000 евра на едно лице за отворање на нов бизнис додека за двајца содружници грантот изнесува 10.000 евра. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }