31.05.2022

Тренчевска: Социјалниот дијалог е клучот за носење на решенија од кои придобивка имаат сите граѓани 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на покана на Организација на работодавачи на Македонија, присуствуваше на годишното Собрание на оваа организација со свое обраќање, во кое се осврна на досегашните законски решенија во надлежност на министерството, како и законите чија подготовка е во тек.

Министерката го потенцираше значењето на социјалниот дијалог во едно општество како единствен начин за носење на најсоодветни и најодржливи решенија во согласност со сите релевантни чинители во државата.

„Не треба да заборавиме дека за да постои социјален дијалог, кој нема да биде елемент предвиден само на хартија, мора да постојат силни и независни синдикати и здруженија на работодавачи, со капацитет кој ќе им овозможи да бидат рамноправни во преговорите, да има политичка волја и посветеност за одржување на социјалниот дијалог од страна на сите учесници, да се почитува слободата на здружување и правото на колективно договарање, како и соодветна институционална поддршка“, рече Тренчевска.

Таа потенцираше дека државата треба да обезбеди стабилна политичка и граѓанска клима која ќе им овозможува на синдикатите и здруженијата на работодавачи да преговараат слободно.

Министерката се осврна на значењето на Економско-социјалниот совет кое како трипартитно тело на национално ниво, изминатиот период, редовно е консултиран за најважните предлог закони, политики и мерки во областа на трудот. Токму низ Економско-социјалниот совет се  дискутирани и произлегоа решенија и мерки кои беа одговор на последиците предизвикани од пандемијата, со цел да се помогне на стопанството, но и на ранливите категории на граѓани.

„На транспарентен и целосно инклузивен, беа донесени измени и дополнувања на Законот за работните односи, со кои ја дефиниравме неделата како ден на неделен одмор за сите. Претставниците на работниците и работодавачите во изминатиот период  водеа исцрпни преговори и за изнаоѓање на соодветно решение за одредување на минималната плата за 2022 год. Успешно реализираниот социјален дијалог резултираше со усогласен став на Економско-социјалниот совет за измена на критериумите за усогласување на минималната плата и зголемување на минималната плата од март 2022 година, како и субвенционирање на работодавачите за придонесите од задолжително социјално осигурување за разликата на зголемената нето минимална плата“, рече Тренчевска.

Таа посочи дека, во иста насока се и подготовката на новите законски решенија, како Законот за работните односи, Законот за спречување на вознемирување на работното место, законските измени во постојниот Закон за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Законот за социјално претприемништво, новите текстови на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

Министерката се заблагодари што ОРМ е секогаш стабилен партнер од доверба, партнер кој ги гледа интересите на целата држава и кој сериозно придонесува за социјален дијалог, онаков каков што треба да биде, основа за креирање на работни места и зачувување на постоечките, за зголемување на продуктивноста, а со тоа и на профитот и платите, економски напредок и обезбедување на социјален мир и праведност. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }