04.05.2022

Тренчевска: Сензорните соби се од големо значење за лицата со попреченост и се важна алка во терапевскиот пристап наменет за нив

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го посети Дневниот Центар за лица со попреченост во Пробиштип, во кој од неодамна функционира сензорната соба за лица со попреченост.

„Големата важност на сензорната соба за лицата за попреченост ја знаат како и вработените така и родителите на лицата со попреченост. Можноста за стимулација на сетилата овозможува подобра адаптација на корисниците во надворешната средина. Умереното и контролирано изложување на лицата со попреченост на различните дразби како мирис, вкус, звуци, светлосни ефекти овозможува развивање на сетилата и нивната правилна употреба. Секој центар кој што ги користи придобивките од сензорната соба е свесен за задоволството и позитивните ефекти кои ги имаат корисниците од терапиите во неа,“ истакна Тренчевска.

Дневниот центар за лица со попреченост во Пробиштип згрижува 11 корисници на возраст од 4 до 40 години. Центарот спроведува индивидуална и групна терапија во зависност од попреченоста и потребите на корисниците. Дефектолог, психолог, медицинската сестра и социјалниот згрижувач за деца се давателите на услуги во центарот.

„Изминатиот период ја усвоивме и измената и дополнувањето на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2022 година, со што се воведе нова цена и за индивидуален третман од 858 денари и 1.053 денари дневно по корисник спроведена од стручен работник во лиценцираните Дневни центри за деца со попреченост, “ дополни Тренчевска.

Тренчевска исто така ја истакна и важноста на сите услуги кои што се даваат на ниво на центрите кои што го олеснуваат секојдневието како кај децата така и кај возрасните со попреченост.

За изведување на градежни работи за реновирање на простор во Дневен центар Министерството за труд и социјална политика инвестираше средства од својот буџет во вредност од околу 300.000 денари без ддв (360.000,00 со ддв). За набавка и монтажа на опрема околу 300.000 денари.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }