05.05.2022

Тренчевска  по повод 5 мај - Денот на македонскиот јазик: Јазикот е нашиот идентитет и не прави посебни и препознатливи во светот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на настан по повод одбележувањето на 5 мај - Денот на македонскиот јазик, во Клубот на пратеници.

Во своето обраќање таа потенцираше дека, раното детство е важно за севкупниот развој на личноста. Како и дека, целокупните воспитно-образовни активности во предучилишното воспитание се насочени кон почитување и задоволување на потребите, интересите и можностите на секое дете.

Министерката истакна дека, усвојувањето на јазикот и неговото правилно користење е важно за успешното функционирање на секоја индивидуа во општеството.

„Јазикот на децата им е неопходен да ги изразат своите мисли и чувства, но во исто време тој им е неопходен да ги разберат и другите лица со кои тие секојдневно стапуваат во комуникација. Јазикот се усвојува во одреден социјален и културен контекст. Во почетокот, тоа е семејството како примарна социјална средина, а подоцна тоа е училиштето и пошироката социјална средина.

Таа истакна дека, играта треба да претставува основно средство, метод и форма за учење и развој. На тој начин децата имаат можност да ја развиваат својата фантазија и креативност, да ја изразуваат својата индивидуалност и на автентичен начин да ги изразуваат своите чувства. За таа цел воспитувачот треба да подготви соодветни материјали потребни за реализација на конкретна активност.

„За развојот на јазикот, комуникацијата и писменоста потребни се материјали кои ќе го стимулираат говорот кај децата, визуелното восприемање на букви, поттикнувањето на интерес за разгледување и читање на сликовници и други книги, организирање на говорни игри, драматизации и игри на улоги. Јазикот на децата им е неопходен за да ги изразат своите мисли и чувства, но во исто време тој е неопходен за да ги разберат и другите со кои тие секојдневно стапуваат во комуникација,“ рече Тренчевска.

Министерката се осврна на општите цели за развојниот период до 6 години кои се однесуваат на развивање на способноста за слушање и разбирање на говорниот јазик. Да се развиваат јазичните способности како основа за развој на сопствениот, националниот и културниот идентитет. И да се развива способноста комуникациски вештини. Да се негува љубовта и позитивниот однос кон книгите. Да се воведува и запознава со основите на пишаниот јазик. Да се поттикнува творештвото. Да се развива чувство за постоење на културна и јазична различност.

„Нека е честит 5 мај - Денот на македонскиот јазик! Да го негуваме и чуваме и достојно да го пренесуваме на сите нови генерации. Затоа што јазикот е нашиот идентитет и не прави посебни и препознатливи сегде во светот,“ порача Тренчевска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }