13.05.2022

Ресурсниот центар за креирање политики и родово одговорно буџетирање продолжува во исполнување на својата цел

Министерството за труд и социјална политика организираше уште една дводневна работилница во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање на тема „Родово буџетски изјави- Извештај за родово одговорно буџетирање (Follow up)“.

На работилницата учествуваа претставници од секторите за буџет и стратешко планирање и лица кои се инволвирани во процесот на родово одговорно буџетирање, како и координаторите за еднакви можности од сите ресорни Министерства во државата. Целта на работилницата е надминување на предизвиците со кои се соочуваат институциите при подготовка на Родово буџетски изјави/извештаи.

Работилниците се организирани во рамките на проектот „Унапредување на институционализацијата на родово одговорно буџетирање преку систематска интеграција на родовата перспектива во стратешкото планирање и програмирање на владините институции во Северна Македонија“, како дел од проектот на UN Women „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, поддржан од Швајцарија и Шведска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }