31.05.2022

Преку обуките во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање се зајакнуваат капацитетите на вработените во јавниот сектор

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Центарот за управување со промени и поддршката на канцеларијата на UN Women во Скопје започна со спроведување на серија обуки наменети за зајакнување на капацитетите во институциите, кои се одржуваат во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање. Обуките се организирани во рамките на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“.

Првата обука е на тема „Основна обука за род, родова еднаквост и воведување на родовата перспектива во јавните политики“, која се одржа на 30 и 31 мај 2022 година. Целта на обуката е учесниците да се стекнат со знаења за основни поими на род и пол, основните концепти на родовата еднаквост да ги препознаваат разликите во позициите на моќ во општеството кои се услов за родова дискриминација за да може при креирање на стратешки документи и јавни политики да ги пресретнат потребите на мажите и жените подеднакво и да застапуваат за донесување и спроведување на родово одговорни политики.

Обуката е наменета за административни службеници со релативно кратко искуство во работата, лица кои започнале со работа во институциите во последните три години, односно учесници кои досега немале можност да се запознаат со концептите за родова еднаквост, а учествуваат во процесите на креирање на политики и програми во своите институции.

На обуката учествуваа претставници од сите ресорни министерства.

Повеќе информации на следниот линк: http://bitly.ws/rVoC​​

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }