03.02.2022

Тренчевска: УНИЦЕФ е наш голем поддржувач и партнер во политиките од детска и социјална заштита, соработката продолжува

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Артур Ајвазов, заменик-претставник на УНИЦЕФ, во земјава, на која се разговараше за тековните и идни проекти и соработката помеѓу двете институции.

„Грижата за децата е еден од приоритетите на Министерството за труд и социјална политика. Поддршката која ја добиваме од УНИЦЕФ во креирање и имплементирање на политиките кои се во насока на обезбедување на поголема заштита и унапредување на правата на децата, навистина е значајна за нас. Воспоставената соработка овозможува и примена на светските практики и  највисоките стандарди со цел обезбедување на најдобриот интерес на детето“, рече Тренчевска.

На средбата се разговараше за тековните проекти и активности, во кои министерството има значајна поддршка од УНИЦЕФ, како што е деинситуционализацијата и воспоставувањето на новите форми на згрижување, згрижувачките семејства, малите групни домови, како и социјалните услуги на локално ниво како дел од социјалната реформа. Во делот на детската заштита стана збор и за значењето на раниот детски развој, а во таа насока беа потенцирани и заложбите на Владата за зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишно воспитание, вложување во зајакнување на компетенциите на стручниот кадар во нив, преку обуки за социо-емоционален развој на децата и градење на капацитетите на родителите, преку позитивно родителство, што би осигурало стабилен развој на децата.

Соговорниците изразија уверување и подготвеност за продолжување и продлабочување на досегашната соработка во областа на детската и социјална заштита и во иднина.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }