11.02.2022

Тренчевска: Социјалниот ментор е неопходна алка во системот на социјална заштита

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставничка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој - ПАБЛИК и претставничката на ГИЗ, како поддржувачи на Проектот за социјални права за ранливи категории – СОРИ.

На средбата беше потврдена одличната соработка со Министерството во областите кои се од негова надлежност со акцент на социјалната заштита.

Покрај  кратката презентација на Проектот за социјални права за ранливи категории - СОРИ, претставничката на ПАБЛИК, информираше за досегашните резултати и идните активности и цели кои ќе следат во периодот кој доаѓа.

Главна тема на која соговорниците разговараа на денешната средба беше социјалното менторство како клучна алка во системот на социјална заштита. Со социјалната реформа се воведе кејс менаџментот и подготовка на индивидуален план за секое лице од ранливите категории за негово вклучување на пазарот на труд во соработка со центрите за социјална работа и агенцијата за вработување.   

„Улогата на социјалниот ментор е од големо значење, затоа што тој претставува неопходна алка во системот на социјална заштита. Тој ја дава целосната поддршка на највработливото лице од семејството, со цел негова активација на пазарот на труд, и понатамошна поддршка, “ рече Тренчевска.

Претставничката од ПАБЛИК, истакна дека клучен елемент во програмата е комбинација од искуствено и теоретско знаење и индивидуализиран пристап кој одговара на потребите и на можностите на тешко вработливите лица. Програмата подразбира и следење на напредокот на поединецот низ различните фази на работната интеграција што вклучува евидентирање на предизвиците, спроведени интервенции за надминување на предизвиците и за овозможување развој на поединецот, како и резултати од преземените активности за поддршка.

Целта е да се поддржат поединците и работодавачите во целосна реализација на професионалните капацитети на индивидуалците и постигнување на професионална зрелост.

Програмата на проектот предвидува шест месечно менторирање од страна на социјалните ментори, како и дека еден ментор може да работи со најмногу 10 лица, месечно. Проектот предвидува и воспоставување на Центри за едукација во повеќе градови како поддршка и обука на 100-тина ментори во прва фаза.

Соговорниците изразија уверување дека соработката ќе продолжи и понатаму, со цел испорака на одржливи решенија од кои директна придобивка имаат граѓаните со акцент на ранливите категории.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }