25.02.2022

Тренчевска: Социјалната реформа ги дава резултатите, живеењето со поддршка нуди подобри услови и можности за лицата со попреченост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со дел од тимот кој работи на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка“ - ТИМОР финансиран од ЕУ, како поддршка на процесот на деинституционализација на лицата со попреченост.

На средбата се разговараше за досегашните и идни активности на проектот, како и соработката со сите засегнати страни во процесот.

Министерката потенцираше дека грижата за лицата со попреченост останува приоритет на Министерството за труд и социјална политика.

„Деинституционализацијата овозможува целосно вклучување на лицата со попреченост во заедницата и претставува шанса тие да дадат свој придонес во општеството. Затоа од клучно значење е да продолжиме со овој значаен процес и да опфатиме што повеќе лица. Групните домови кои обезбедуваат живеење со поддршка ги даваат резултатите. Тие не се разликуваат по ништо од оној на соседите. Никој не смее да живее на маргините од општеството,“ рече Тренчевска.

Преку проектот ТИМОР, отворени се три куќи во кои веќе живеат лица со попреченост, а во финална фаза се уште две. До крајот на годината треба да бидат подготвени уште пет групни домови, кои ќе понудат живеење со поддршка на нови корисници од Заводот Демир Капија. Корисниците добиваат 24 часовна поддршка од стручни лица кои им помагаат во секојдневните активности. Очекуваните резултати од проектот покрај воспоставувањето на десет станбени единици за живеење со поддршка, да се зајакне капацитетот на 100 асистенти кои ќе ја обезбедуваат услугата живеење со поддршка за лицата со попреченост и опгат на околу 50 лица со попреченост подготвени за деинституционализација и преселени во заедницата.​

На средбата беше истакната важноста од соработката помеѓу Министерството, граѓанските здруженија и локалната власт, во примената на социјалните услуги. Покрај преселбата на лицата во групни домови, проектот вклучува и подготовка на заедницата во смисла на прифаќање на овие лица од средината.  

Деинституционализацијата е долгорочен процес и бара континуирани напори и посветеност, но истовремено не доближува до европските практики и стандарди на полето на социјалната заштита.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }